Whirlpool W8F HP51BS handleiding
Handleiding
Je bekijkt pagina 82 van 136

82
MK Дневен референтен водич
ПРВА УПОТРЕБА
СОВЕТ ЗА ПРВА УПОТРЕБА
По монтажата, извадете ги запирачите од решетките и елементите за
прицврстување од горната решетка.
МЕНИ ЗА ПОСТАВКИ
1. Вклучете го апаратот со притискање на копчето ВКЛУЧУВАЊЕ-
-ИСКЛУЧУВАЊЕ .
2. Задржете го копчето Поставки (Половично полнење ) 3 секунди,
додека не слушнете звучен сигнал и на екранот не се прикаже „Set“.
3. По една секунда ќе се прикаже првата достапна поставка (буквата „h“).
4. Притиснете ПРЕТХОДНО /СЛЕДНО за да листате низ списокот со
достапни поставки (види табела подолу), потоа притиснете СТАРТ/Пауза
за да ја видите и промените вредноста на моментално избраната поставка.
5. Притиснете ПРЕТХОДНО /СЛЕДНО за да ја промените вредноста,
потоа притиснете СТАРТ/Пауза за да ја зачувате новата вредност и
да се вратите на главното мени.
6. За да промените друга поставка, повторете ги чекорите 4 и 5.
7. Притиснете ВКЛУЧУВАЊЕ-ИСКЛУЧУВАЊЕ или почекајте 30
секунди за да излезете од менито.
БУКВА ПОСТАВКА
ВРЕДНОСТИ
(Стандардни - со за-
дебелени букви
)*
Бројач на циклуси - Број на циклуси на ми-
ење што ги извршила машината за садови.
на пр. 25 циклуси: 25;
на пр. 13.947 циклуси:
13_947 (ќе се лизне
3 пати)
Ниво на тврдост на водата
(види ПОСТАВУВАЊЕ НА ТВРДОСТА НА ВОДАТА
и ТАБЕЛА ЗА ТВРДОСТ НА ВОДАТА)
1 | 2 | 3 | 4 | 5
Ниво на средство за плакнење
(види ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ДОЗАТА НА СРЕДСТВОТО ЗА
ПЛАКНЕЊЕ)
0 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5
NaturalDry (види ОПЦИИ И ФУНКЦИИ)
“1” = Вклучено, “0” = Исклучено
1 | 0
Звук
“1” = Вклучено, “0” = Исклучено
1 | 0
Фабрички поставки - Притиснете СТАРТ/Пауза за
да ги вратите на фабричките поставки сите вредно-
сти на поставките вклучени во менито за поставки.
-
*) Стандардната вредност не важи за бројачот на циклуси.
ПОЛНЕЊЕ НА РЕЗЕРВОАРОТ ЗА СОЛ
Употребата на сол го спречува создавањето на БИГОР на
садовите и на функционалните компоненти на машина-
та. Резервоарот за сол се наоѓа во долниот дел на маши-
ната за садови (под долната решетка од левата страна).
• Резервоарот за сол никогаш не треба да биде празен.
• Важно е да се постави тврдоста на водата.
• Солта мора да се наполни кога свети индикаторското светло за ДО-
ПОЛНУВАЊЕ СОЛ на контролната табла.
1. Извадете ја долната решетка и одвртете го капачето на резервоарот
(налево).
2. Поставете ја инката (види слика) и наполнете го резервоарот за сол
до работ (приближно 0,5 kg); често се случува да истече малку вода.
3. Направете го ова само првиот пат: наполнете го резервоарот за
сол со вода.
4. Извадете ја инката и избришете ги остатоците од сол од отворот.
Проверете дали капачето е добро прицврстено за да не може да влезе
детергент во садот за време на програмата за миење (ова може целос-
но да го оштети омекнувачот на вода).
Секогаш кога треба да додадете сол, задолжително е да ја завр-
шите постапката пред почетокот на циклусот на миење за да не
се создаде корозија. Преостанатиот солен раствор или зрната
сол може да доведат до корозија, што резултира со трајно оште-
тување на компонентите од нерѓосувачки челик.
Гаранцијата не важи ако дефектите се предизвикани од такви
околности. Ако садот за сол не е наполнет, омекнувачот на вода
и грејачот може да се оштетат како резултат на акумулација на
бигор. Се препорачува употреба на сол со секаков вид детер-
гент за машина за садови.
ПОСТАВУВАЊЕ НА ТВРДОСТА НА ВОДАТА
За да може омекнувачот на вода да работи беспрекорно, неопходно е
поставката за тврдост на водата да се заснова на вистинската тврдост
на водата во вашиот дом. Овие информации може да ги добиете од ва-
шиот локален снабдувач со вода. Фабричката поставка е „3“. Види „ТА-
БЕЛА ЗА ТВРДОСТ НА ВОДАТА”.
За да промените, следете ги упатствата во делот „МЕНИ ЗА ПОСТАВКИ“.
Користете само сол што е специјално наменета за машини за садови.
Откако ќе истурите сол во машината, индикаторското светло за ДО-
ПОЛНУВАЊЕ СОЛ ќе се исклучи.
Ако садот за сол не е наполнет, омекнувачот на вода и грејачот
може да се оштетат како резултат на акумулација на бигор.
Се препорачува употреба на сол со секаков вид детергент за ми-
ење садови.
Табела за тврдост на водата
Ниво
°dH
Германски сте-
пени
°fH
Француски
степени
°Clark
Англиски степени
1 (мека) 0 - 6 0 - 10 0 - 7
2 (средна) 7 - 11 11 - 20 8 - 14
3 (просечна) 12 - 16 21 - 29 15 - 20
4 (тврда) 17 - 34 30 - 60 21 - 42
5 (многу тврда) 35 - 50 61 - 90 43 - 62
СИСТЕМ ЗА ОМЕКНУВАЊЕ НА ВОДАТА
Омекнувачот на вода автоматски ја намалува тврдоста на водата, со што
се спречува наталожување бигор на грејачот, придонесувајќи и за по-
добра ефикасност на миењето. Овој систем се регенерира со сол, за-
тоа е потребно повторно да се наполни садот за сол кога е празен.
Фреквенцијата на регенерација зависи од поставката на нивото на твр-
дост на водата – регенерацијата се одвива еднаш на 4-6 Eco (Еко) циклу-
си со нивото на тврдост на водата поставено на 3. Процесот на регене-
рација се јавува на почетокот на циклусот со дополнителна свежа вода.
• Една регенерација троши ~3L вода;
• Потребни се до 5 дополнителни минути за циклусот;
• Троши под 0.005kWh енергија.
ПОЛНЕЊЕ НА ДОЗЕРОТ ЗА СРЕДСТВО ЗА ПЛАКНЕЊЕ
A
B
Средството за плакнење го олеснува СУШЕЊЕТО
на садовите. Дозерот за средство за плакнење А
треба да се наполни кога свети индикаторското
светло за ДОПОЛНУВАЊЕ СРЕДСТВО ЗА ПЛАК-
НЕЊЕ на контролната табла.
1. Отворете го дозерот B со притискање и повлеку-
вање на јазичето на капакот.
2. Истурете го средството за плакнење (макс. 110
ml) и внимавајте да не се прелее од дозерот. Ако
тоа се случи, веднаш исчистете со сува крпа.
3. За да го затворите, притиснете го капакот надолу
додека не слушнете клик.
НИКОГАШ не истурајте го средството за плакнење директно во
отворот на апаратот.
ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ДОЗАТА НА СРЕДСТВОТО ЗА ПЛАКНЕЊЕ
Ако не сте целосно задоволни со резултатите од сушењето, може да ја
прилагодите количината на употребеното средство за плакнење.
За да промените, следете ги упатствата во делот „МЕНИ ЗА ПОСТАВКИ“.
Ако нивото на средството за плакнење е поставено на НУЛА, нема да
има средство за плакнење. Индикаторското светло за НИСКО НИВО
НА СРЕДСТВО ЗА ПЛАКНЕЊЕ нема да светне ако нема средство за
плакнење. Може да се постават најмногу 6 нивоа според моделот на
машината за садови.
• Ако видите синкасти ленти на садовите, поставете мал број (0–3).
• Ако има капки вода или траги од бигор на садовите, поставете сре-
ден број (4–5).
ПОЛНЕЊЕ НА ДОЗЕРОТ ЗА ДЕТЕРГЕНТ
Користете само детергент кој е специјално наменет за машини за ми-
ење садови. НЕ КОРИСТЕТЕ сјај за миење.
Ако ставите прекумерна количина детергент, може да доведе до
остатоци од пена во машината по завршувањето на циклусот.
Употребата на детергент што не е наменет за машини за садови може
да предизвика дефект или оштетување на апаратот.
За да се постигнат најдобри резултати при миење и сушење, потреб-
на е комбинирана употреба на детергент, течност за средство за
плакнење и рафинирана сол.
Препорачуваме да користите детергенти што не содржат фосфати
или хлор, бидејќи овие производи се штетни за животната средина.
Добрите резултати на миењето зависат и од точната количина на де-
тергент што се користи.
Надминувањето на наведената количина не резултира со поефикас-
но миење и го зголемува загадувањето на животната средина.
25 ml
35 ml
Количината може да се приспособи на ниво-
то на нечистотија. Во случај на нормално
извалкани садови, користете приближно
или 35 g (детергент во прав) или 35 ml (те-
чен детергент) и дополнителна кафена ла-
жичка детергент директно во машината.
Ако се користат таблети, доволна е една та-
блета.
Bekijk gratis de handleiding van Whirlpool W8F HP51BS, stel vragen en lees de antwoorden op veelvoorkomende problemen, of gebruik onze assistent om sneller informatie in de handleiding te vinden of uitleg te krijgen over specifieke functies.
Productinformatie
| Merk | Whirlpool |
| Model | W8F HP51BS |
| Categorie | Vaatwasser |
| Taal | Nederlands |
| Grootte | 34020 MB |







