Whirlpool W8F HP51BS handleiding

136 pagina's
PDF beschikbaar

Handleiding

Je bekijkt pagina 83 van 136
83
MKДневен референтен водич
1. ПРОВЕРКА НА ПРИКЛУЧОКОТ ЗА ВОДА
Проверете дали машината за садови е поврзана со довод на вода и
дали вентилот е отворен.
2. ВКЛУЧУВАЊЕ НА МАШИНАТА ЗА МИЕЊЕ САДОВИ
Притиснете го копчето ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ.
3. НАПОЛНЕТЕ ГИ РЕШЕТКИТЕ (види ПОЛНЕЊЕ НА РЕШЕТКИТЕ).
4. НАПОЛНЕТЕ ГО ДОЗЕРОТ ЗА ДЕТЕРГЕНТ
5. ИЗБЕРЕТЕ ПРОГРАМА И ПРИЛАГОДЕТЕ ГО ЦИКЛУСОТ
Изберете ја најсоодветната програма според видот на садовите и
нивото на извалканост (види ОПИС НА ПРОГРАМИ) со притискање на
копчиња за ПРЕТХОДНА/СЛЕДНА.
Изберете ги саканите опции (види ОПЦИИ И ФУНКЦИИ). Не сите
опции се компатибилни со сите програми.
6. ЗАПОЧНУВАЊЕ
Стартувајте го циклусот на миење со затворање на вратата и
притискање на копчето СТАРТ/Пауза (светилката се пали). Кога
програмата ќе започне ќе слушнете единечно бипкање.
7. ЗАВРШУВАЊЕ НА ЦИКЛУСОТ НА МИЕЊЕ
Крајот на циклусот на перење се означува со звук и на екранот се
прикажува END (КРАЈ). Исклучете го апаратот со притискање на
копчето ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ и отворете ја вратата.
Почекајте неколку минути пред да ги извадите садовите – за да не се
изгорите. Извадете ги садовите така што ќе започнете од најдолната
решетка
.
Машината автоматски ќе се исклучи за време на одредени подолги
периоди на неактивност, со цел да се минимизира потрошувачката
на електрична енергија. Ако садовите се малку извалкани или ако
се исплакнат со вода пред да се стават во машина за миење садови,
соодветно намалете ја количината на употребениот детергент.
МЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМА ВО ТЕК
Ако изберете погрешна програма, може да ја смените ако започнала
непосредно.РЕСЕТИРАЈТЕ ја машината: притиснете и задржете го
копчето ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ повеќе од 3 секунди и машината
ќе се исклучи. На таблата ќе се прикаже „0:01“. Почекајте додека
не заврши циклусот на одвод (околу 1 минута). Повторно вклучете ја
машината со притискање на копчето ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ и
изберете нов циклус на миење и некоја од саканите опции. Започнете го
циклусот со притискање на копчето СТАРТ/Пауза.
ДОДАВАЊЕ САДОВИ
Без да ја исклучите машината, прво подотворете ја вратата за да не ве
испрска вода (СТАРТ/Пауза светилката почнува да трепка) (Внимание!:
Врела пареа!) и ставете ги садовите во машината. Затворете ја вратата
и притиснете на копчето СТАРТ/Пауза, циклусот ќе продолжи од каде
што застанал.
НЕНАДЕЈНО ПРЕКИНУВАЊЕ
Ако ја отворите вратата додека трае циклусот на миење, или ако
снема струја, циклусот ќе запре. Затворете ја вратата и САМО АКО
ПРИТИСНЕТЕ на копчето
СТАРТ/Пауза
циклусот ќе продолжи од каде
што застанал.
Ако садовите се малку извалкани или ако се исплакнат со вода
пред да се стават во машина за садови, намалете ја количината на
детергент соодветно (минимум 25 g/ml) на пр. не ставајте прашок/
гелот во машината.
За добри резултати при миењето, следете ги и упатствата прика-
жани на кутијата со детергент.
За дополнителни прашања, консултирајте се со производителите
на детергенти.
D
C
За да го отворите дозерот за детергент кори-
стете го уредот за отворање C. Ставете де-
тергент само во сувиот дозер D. Ставете ја
количината на детергент за предмиење ди-
ректно во отворот.
1. Кога го мерите детергентот, погледнете ги
споменатите информации за да ја ставите
соодветната количина. Внатре во дозерот D
има индикации кои помагаат во дозирањето
на детергентот.
2. Отстранете ги остатоците од детергентот од рабовите на дозерот и
затворете го капакот додека не кликне.
3. Затворете го капакот на дозерот за детергент со повлекување на-
горе додека уредот за затворање не се прицврсти на своето место.
Дозерот за детергент автоматски се отвора во вистинско време според
програмата.
Употребата на детергент што не е наменет за машини за садови
може да предизвика дефект или оштетување на апаратот.
СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
СОВЕТИ
Пред да ги наполните корпите, отстранете ги сите остатоци од храна од
садовите и испразнете ги чашите. Не треба претходно да ги плакнете.
Наредете ги садовите така што да стојат цврсто и да не се превртат; и
наредете ги садовите со отворите свртени надолу и конкавните/кон-
вексните делови поставени косо, со што ќе дозволите водата да стигне
до секоја површина и слободно да истече.
Предупредување: капаците, рачките, тавите и тавчињата за пржење
не треба да го спречуваат ротирањето на краците на прскалката.
Ставете ги сите мали предмети во корпата за прибор за јадење.
Многу валканите садови и тавчиња треба да се стават во долната корпа
бидејќи во овој дел прскалите за вода се посилни и овозможуваат по-
високи перформанси на миење.
Откако ќе го наполните апаратот, проверете дали краците на прскалка-
та можат слободно да се ротираат.
НЕСООДВЕТНИ САДОВИ
Дрвени садови и прибор за јадење.
Фино украсени чаши, ракотворби и антички садови. Нивните украси
не се отпорни.
Делови од синтетички материјал кои не издржуваат високи темпе-
ратури.
Бакарни и лимени садови.
Садови извалкани со пепел, восок, маст за подмачкување или мастило.
Боите на стаклените украси и алуминиумските/сребрените парчиња
може да се променат и избледат за време на процесот на миење. Некои
типови на стакло (на пр. кристални предмети) може да станат матни по
неколку циклуси на миење.
ОШТЕТУВАЊЕ НА СТАКЛОТО И САДОВИТЕ
Користете само чаши и порцелан со гаранција од производителот
како безбедни за миење во машина за садови.
Користете нежен детергент погоден за садови.
Соберете ги чашите и приборот за јадење од машината за садови
штом ќе заврши циклусот на миење.
СОВЕТИ ЗА ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА
Кога машината за садови за домаќинство се користи според упат-
ствата на производителот, миењето садови во машината обично
троши помалку енергија и вода отколку рачното миење садови.
Со цел да се зголеми ефикасноста на машината за садови, се пре-
порачува да се започне циклусот на миење откако машината
ќе биде целосно наполнета. Полнењето на машината за садови
за домаќинство до капацитетот назначен од производителот ќе
придонесе за заштеда на енергија и вода. Информации за пра-
вилно полнење на садовите може да најдете во делот Полнење.
Во случај на половично полнење, се препорачува да користите по-
себни опции за миење доколку се достапни (Половично полнење /
Зонско миење / Повеќезонско миење), така што ќе ги наполните само
избраните решетки. Неправилното полнење или преоптоварување
на машината за садови може да го зголеми искористувањето на ре-
сурсите (како што се вода, енергија и време, и да го зголеми нивото
на бучава), намалувајќи ги перформансите на перење и сушење.
Рачното претходно плакнење на садовите доведува до зголемена по-
трошувачка на вода и енергија и не се препорачува.
СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Bekijk gratis de handleiding van Whirlpool W8F HP51BS, stel vragen en lees de antwoorden op veelvoorkomende problemen, of gebruik onze assistent om sneller informatie in de handleiding te vinden of uitleg te krijgen over specifieke functies.

Productinformatie

MerkWhirlpool
ModelW8F HP51BS
CategorieVaatwasser
TaalNederlands
Grootte34020 MB