Bosch GGC 18V-12 Professional handleiding

267 pagina's
PDF beschikbaar

Handleiding

Je bekijkt pagina 183 van 267
Македонски | 183
Напомени за оптимално користење на
батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од
−20°C до 50°C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа
u Пред секое работење на електричниот алат (на пр.
одржување, промена на алатот итн.) извадете ја
батеријата од електричниот алат. При невнимателно
притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување постои опасност од повреди.
u Пред да ја вметнете батеријата во електричниот
алат, секогаш проверувајте дали прекинувачот за
активирање(14) работи правилно и се враќа во
положбата OFF кога ќе се активира.
Монтирање на челустите за сечење (види
сликиA−E)
Секогаш монтирајте ги челустите за сечење(3) во
правилна насока и безбедно прицврстени. Неправилната
или лабава инсталација може да предизвика кршење на
челустите за сечење, што може да доведе до лична
повреда од летечки делови (види сликаA).
Отстранете ги сите испакнатини од челустите за сечење
со турпија(3).
Секогаш користете пар челусти за сечење(3). Ова се
состои од челуст за сечење означена со една точка и
челуст за сечење означена со две точки (види сликаD).
Парот челусти за сечење може да се разменуваат меѓу
подвижниот прифат(2) и неподвижниот прифат(4).
Проверете дали прифатите(2) и(4) од челустите за
сечење(3) се целосно отворени. Ако не се, вметнете ја
батеријата и притискајте го прекинувачот за
активирање(14), додека прифатот не се отвори целосно.
Отстранете ја батеријата повторно.
Поставете го прекинувачот(13) на положбата за
заклучување (види сликаC).
Одвртете ги завртките(18) со испорачаниот внатрешен
шестаголен клуч(8).
Вметнете ги челустите за сечење(3) во правилната
положба во прифатите(2) и(4). Повторно прицврстете
ги челустите за сечење(3) со завртките(18).
Напомена: Парот челусти за сечење(3) може да се
навртуваат во електричниот алат само ако означените
предни страни се свртени една кон друга. Насоката на
челустите за сечење мора да биде според големината на
навојот што треба да се исече (види сликаD).
Работа
u Заменете ги челустите за сечење(3), ако рабовите
за сечење се исечени или деформирани (види
слика E). Внимавајте на следниве напомени(види
„Замена на челустите за сечење“, Страница186).
u Челустите за сечење(3) се исклучително остри.
Затоа, секогаш држете ги рацете подалеку од
рабовите за сечење и подвижните делови. Не
сечете кратки делови за обработка каде што
вашите раце би можеле да дојдат во допир со
челустите за сечење. Постои ризик од сериозни
повреди или отсекување на екстремитетите.
u Погрижете се челустите за сечење(3) да се со
правилна големина и поставени на електричниот
алат и двете челусти за сечење да се ориентирани
во правилната положба. Пред сечењето, проверете
ја големината на навојот испечатена на челустите
за сечење.
u Пред да го активирате прекинувачот за
активирање(14), вметнете ја навојната шипка така
што нејзините навои да се совпаѓаат со оние на
неподвижната челуст за сечење. Неправилното
порамнување на навоите може да доведе до
кршење на челустите и да предизвика лична
повреда поради исфрлените делови.
Прицврстување на делот за заштита од паѓање
(види сликаB)
Напомена: за да се осигурате дека електричниот алат
нема да падне, за тежината на системот треба да
користите соодветен додаток за заштита од паѓање(22).
Максималната дозволена должина на уредот за заштита
од паѓање изнесува1,1m. Почитувајте го дозволеното
поле за прицврстување(21) на електричниот алат.
За да го заштитите уредот од паѓање користете врвка со
анкер или користете го делот за заштита од паѓање со
амортизација на пад.
При прицврстувањето на делот за заштита од паѓање(22)
почитувајте го соодветното упатство за работа.
u Спротивните страни на делот за заштита од паѓање
прикачете ги на стабилна конструкција (напр.
објект или скеле) и никогаш на самиот корисник.
Делот за заштита од паѓање мора да може
слободно да се движи и треба да биде прицврстен
само на фиксна точка на спојување(23) и во
дозволеното поле на прицврстување(21) на
електричниот алат.
Изберете ја фиксната точка на спојување(23) така
што електричниот алат во случај на пад, ќе падне
безбедно во безбедносната преграда, без притоа
да се замота околу корисникот или да му наштети.
Вметнете ја јамката на заштитата од паѓање(22) низ
рачката(17) и водете ја страната на куката низ јамката.
Кога ја затегнувате јамката, проверете дали е правилно
поставена во областа за прицврстување(21) и не е
извиткана. Пред секоја употреба, проверете ја заштитата
Bosch Power Tools 1 609 92A A3L | (17.03.2025)

Bekijk gratis de handleiding van Bosch GGC 18V-12 Professional, stel vragen en lees de antwoorden op veelvoorkomende problemen, of gebruik onze assistent om sneller informatie in de handleiding te vinden of uitleg te krijgen over specifieke functies.

Productinformatie

MerkBosch
ModelGGC 18V-12 Professional
CategorieNiet gecategoriseerd
TaalNederlands
Grootte38340 MB