Bosch GGC 18V-12 Professional handleiding
Handleiding
Je bekijkt pagina 182 van 267

182 | Македонски
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Заштита од преоптоварување
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. Ако оптоварувањето е превисоко или
е надминат температурниот опсег на батеријата, тој
автоматски се исклучува. Потоа исклучете го
електричниот алат и прекинете ја работата што
предизвика преоптоварување на електричниот алат.
Потоа повторно вклучете го електричниот алат за да го
рестартирате работниот процес.
Напомена: Заштитата од преоптоварување ќе се
активира ако се обидете да ги исечете следните видови
навојни шипки.
– Навојна шипка што е поголема од големината на
челустите за сечење.
– Навојна шипка што има поголема цврстина отколку
што дозволува капацитетот за сечење на електричниот
алат.
Заштита од прегревање
Ако електричниот алат се прегрее, тој автоматски се
исклучува. Оставете го електричниот алат да се излади
пред повторно да го вклучите.
Батерија
Bosch продава батериски електрични алати и без
батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на
испорака можете да видите на пакувањето.
Полнење на батеријата
u Користете ги само полначите коишто се наведени
во техничките податоци. Само овие уреди за
полнење се погодни за литиум-јонската батерија за
Вашиот електричен уред.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат
делумно наполнети порани меѓународните прописи за
транспорт. За да се загарантира целосната јачина на
батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Ставање на батеријата
Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во
прифатот за батерија, додека не се вклопи.
Вадење на батеријата
За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете
на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа
не употребувајте сила.
Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање,
што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сѐ
додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се
држи во позиција со помош на пружина.
Приказ за наполнетост на батеријата
Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото
на наполнетост.
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост
на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на
батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на
наполнетост на батеријата може да ја проверите само
доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на
батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста. Ова
исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за
наполнетост на батеријата не свети LED светилка,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Тип на батерија GBA 18V...
LED-светилки Капацитет
Трајно светло 3× зелено 60–100%
Трајно светло 2× зелено 30–60%
Трајно светло 1× зелено 5–30%
Трепкаво светло 1× зелено 0–5%
Тип на батерија ProCORE18V...
LED-светилки Капацитет
Трајно светло 5× зелено 80–100%
Трајно светло 4× зелено 60–80%
Трајно светло 3× зелено 40–60%
Трајно светло 2× зелено 20–40%
Трајно светло 1× зелено 5–20%
Трепкаво светло 1 × зелено 0–5%
1 609 92A A3L | (17.03.2025) Bosch Power Tools
Bekijk gratis de handleiding van Bosch GGC 18V-12 Professional, stel vragen en lees de antwoorden op veelvoorkomende problemen, of gebruik onze assistent om sneller informatie in de handleiding te vinden of uitleg te krijgen over specifieke functies.
Productinformatie
| Merk | Bosch |
| Model | GGC 18V-12 Professional |
| Categorie | Niet gecategoriseerd |
| Taal | Nederlands |
| Grootte | 38340 MB |







