Whirlpool W8F HP51BS handleiding
Handleiding
Je bekijkt pagina 88 van 136

88
MK Дневен референтен водич
Политики, стандардна документација, нарачка на резервни делови и дополнителни информации за 
производот може да се најдат со:
•  Користење на QR-код
•  Посетете ја нашата веб-страница docs.whirlpool.eu/docs и parts-selfservice.europeanappliances.com
•  Алтернативно, контактирајте ја нашата служба за постпродажба (види телефонски број во гарантната 
книшка). Кога ја контактирате нашата служба за постпродажба, ве молиме наведете ги шифрите дадени на 
идентификациската табличка на вашиот производ.
Информациите за моделот може да се вратат со користење на QR-кодот пријавен во енергетската етикета. 
Етикетата го вклучува и идентификаторот на моделот што може да се користи за да се консултира порталот на 
регистарот на https://eprel.ec.europa.eu.
®/TM/ ©  2025 Whirlpool. Се произведува под лиценца
IEC 436
:
Машината за садо-
ви предвреме го 
завршува циклусот. 
На екранот се при-
кажува: F8 E3
Филтерот е затнат со остатоци од храна 
или бигор.
Исчистете го филтерот и исчистете го апаратот од бигор (види ЧИСТЕЊЕ НА 
СКЛОПОТ НА ФИЛТЕРОТ и ИНСТРУКЦИИ ЗА ЧИСТЕЊЕ БИГОР).
Одводното црево е поставено премногу 
ниско или се влева во домашната канали-
зација.
Проверете дали крајниот дел од одводното црево е поставен на правилната 
висина (види ИНСТАЛАЦИЈА). Проверете дали се влева во домашната канали-
зација и ако треба, поставете блокада/вентил за довод на воздух.
Има големо количество пена.
Детергентот не е правилно измерен или не е погоден за употреба во машини 
за садови (види ПОЛНЕЊЕ НА ДОЗЕРОТ ЗА ДЕТЕРГЕНТ).
Има воздух во доводот за вода.
Проверете дали има протекувања или други проблеми во доводот на вода 
што доведува до навлегување воздух.
Садовите не се 
добро исушени.
Нема средство за плакнење или има многу 
мала количина.
Погрижете се дозерот за средство за плакнење да биде наполнет (види ПОЛ-
НЕЊЕ НА ДОЗЕРОТ ЗА СРЕДСТВО ЗА ПЛАКНЕЊЕ). Повеќенаменските таблети, 
сами по себе, нема да обезбедат толку добри ефекти на сушење како употре-
бата на течно средство за плакнење.
Садовите се извадени откако вратата 
автоматски се отворила, но пред самиот 
крај на циклусот.
Проверете дали циклусот завршил пред да почнете со вадење на садовите (види 
СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА). За уште подобри резултати при сушењето, се препо-
рачува да ги оставите садовите да седат во машината со отворена врата уште 15 
минути по завршувањето на циклусот.
Садовите се многу рамно поставени.
Ако забележите многу вода во шуплините на чашите, шолјите или чиниите, 
обидете се понакосено да ги поставите садовите (особено тие на горната 
решетка) за да дозволите да излезе поголемата количина на вода пред да 
започне сушењето.
Избраниот циклус нема фаза на сушење.
Проверете во ТАБЕЛАТА СО ПРОГРАМИ дали избраната програма има фаза 
на сушење. Циклусот без фаза на сушење може да не ја даде посакуваната 
ефикасност на сушење, затоа се препорачува да го промените циклусот со 
циклус што има фаза на сушење.
Садовите се од нелеплив материјал или 
пластика.
Нормално е да останат неколку капки вода на овој тип материјали.
Садовите и чашите 
имаат сини ленти 
или сини нијанси.
Надмината е дозата на средство за плак-
нење.
Прилагодете ја дозата на пониска поставка.
Садовите и чашите 
се покриени со 
бигор или белуз-
лав слој.
Резервоарот за сол е празен.
Наполнете го резервоарот со сол што е можно поскоро. Ако го користите 
апаратот без сол може да дојде до оштетување на внатрешните компоненти.
Поставката за тврдост на водата е на многу 
ниско ниво.
Зголемете ја поставката (види ТАБЕЛА ЗА ТВРДОСТ НА ВОДАТА).
Капачето на резервоарот за сол не е пра-
вилно затворено.
Проверете и затворете го капачето на резервоарот за сол.
Резервоарот за средство за плакнење е 
празен или не е доволна дозата на сред-
ството за плакнење.
Наполнете го резервоарот со средство за плакнење и проверете ја поставката 
за дозирање (за повеќе информации – види ПОЛНЕЊЕ НА ДОЗЕРОТ ЗА СРЕД-
СТВО ЗА ПЛАКНЕЊЕ).
На машината за 
садови се прикажу-
ва F8 E5
Вентилот е блокиран или неисправен.
Ако може, затворете го вентилот за вода. Не исклучувајте ја струјата. Јавете 
се во сервис.
Истекувањето на 
детергентот.
Зависи од течниот детергент што се користи 
и може да се нагласи во случај на активи-
рање на опцијата за одложување.
Малите протекувања нема да предизвикаат дефект на машината и може да се 
спречат со промена на типот на течен детергент или со користење таблети.
Bekijk gratis de handleiding van Whirlpool W8F HP51BS, stel vragen en lees de antwoorden op veelvoorkomende problemen, of gebruik onze assistent om sneller informatie in de handleiding te vinden of uitleg te krijgen over specifieke functies.
Productinformatie
| Merk | Whirlpool | 
| Model | W8F HP51BS | 
| Categorie | Vaatwasser | 
| Taal | Nederlands | 
| Grootte | 34020 MB | 







