Whirlpool FFL 7269 W EE handleiding
Handleiding
Je bekijkt pagina 59 van 98

Лесно пеглање
Со бирање на оваа опција, циклусите на перење и центрифуга ќе се
променат за да го намалат гужвањето.
Одложен почеток
За да ја поставите избраната програма да започне подоцна,
притиснете го копчето и задржете сѐ додека не се осветли ЛЕД-
сијаличката за посакуваното време на одложување (9 h - 6 h - 3 h).
Откако ќе започне циклусот на перење, индикаторот што одговара
на избраниот период на одложување ќе почне да трепка. Како
што поминува времето, ќе се прикаже преостанатото одложување
и соодветниот индикатор ќе трепка. Поставената програма ќе
започне штом ќе истече избраното време на одложување. За да го
откажете одложениот почеток, притиснете го копчето и задржете сѐ
додека не се исклучат сите ЛЕД-сијалички.
Температура
Секоја програма има однапред дефинирана температура. Ако
сакате да ја промените температурата, притиснете го копчето „ “.
Соодветниот ЛЕД-индикатор ќе се вклучи.
Центрифуга
Секоја програма има однапред дефинирана брзина на
центрифугирање. Ако сакате да ја промените брзината на
центрифугирање, притиснете го копчето „ “. Соодветниот ЛЕД-
индикатор ќе се вклучи.
ЗАКЛУЧУВАЊЕ НА КОПЧИЊАТА
За да ја исклучите контролната табла, притиснете и задржете
го копчето „Заклучување на копчињата“ приближно 3 секунди.
Соодветниот ЛЕД-индикатор ќе светне за да покаже дека
контролната табла е заклучена (со исклучок на копчето „ВКЛУЧИ/
ИСКЛУЧИ“ ). Ова спречува ненамерни промени на програмите,
особено со деца во близина на машината. За да ја отклучите
контролната табла, притиснете и задржете го копчето „Заклучување
на копчињата“ приближно 3 секунди.
БЕЛЕЊЕ
Ако сакате да ги избелите алиштата, наполнете ја машината за
перење и поставете ја програмата „Плакнење и Центрифуга “.
Вклучете ја машината и почекајте да го заврши првиот циклус на
полнење вода (околу 2 минути). Ставете ја машината во режим на
пауза со притискање на копчето „Почеток/Пауза“ , отворете
ја фиоката за детергент и истурете го белилото (почитувајте ги
препорачаните дози наведени на пакувањето) во преградата за
главно перење каде што претходно била наместена преградата.
Рестартирајте го циклусот со притискање на копчето „Почеток/
Пауза“ .
Доколку сакате, може да додадете омекнувач во соодветната
преграда на фиоката за детергент.
СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ
Сортирајте ги алиштата според
Видот ткаенина/етикета за нега (памук, мешани влакна, синтетика,
волна, парчиња за рачно перење). Бојата (одделете ги алиштата
во боја од белите и новите алишта во боја перете ги одделно).
Деликатни (перете мали парчиња – како, на пример, најлонски
хулахопки – и парчиња облека што се закачуваат – како, на пример,
градници – во платнена торба или навлака за перница со патент).
Испразнете ги џебовите
Предмети, како монети или запалки, може да ги оштетат вашите
алишта, како и барабанот.
Следете ги препораките за доза / додатоци
На тој начин се оптимизира резултатот од перењето, се избегнуваат
остатоци од вишок детергент на вашите алишта и се заштедуваат
пари така што се избегнува непотребно трошење детергент.
Користење ниска температура и подолго времетраење
Најефикасни програми од аспект на потрошувачката на струја,
главно, се оние што работат на пониски температури и со подолго
времетраење.
Придржувајте се до тежината на алиштата
Наполнете ја машината до капацитетот наведен во „ТАБЕЛА СО
ПРОГРАМИ“ за да заштедите вода и струја.
Бучава и количество преостаната влага
Тие се под влијание на брзината на центрифугата: колку што е
поголема брзината на центрифугата во фазата на центрифугирање,
толку е поголема бучавата и толку е помала преостанатата
содржина на влага.
ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
За какво било чистење и одржување исклучете ја машината и
извадете го кабелот за напојување од штекер. Не користете
запаливи течности за чистење на машината за перење.
Чистете ја и одржувајте ја машината повремено (најмалку
четирипати годишно).
Чистење на надворешноста на машината за перење
Користете мека влажна крпа за да ги чистите надворешните делови
на машината. Не користете средства за чистење стакло или за општа
намена, прашок или слично за чистење на контролната табла—овие
супстанции може да го оштетат печатениот дел.
Проверка на цревото за довод на вода
Редовно проверувајте го цревото за довод за кршливост и
пукнатини. Ако е оштетено, заменете го со ново црево што е
достапно преку нашата Служба за постпродажни услуги или преку
вашиот продавач. Во зависност од типот црево:
Ако цревото за довод има проѕирна облога, повремено
проверувајте дали на некои места се зголемува интензитетот на
бојата. Ако се зголемува, можеби цревото протекува и треба да се
замени.
Чистење на филтерот за вода/исцедување на преостанатата
вода
Ако сте користеле програма со жешка вода, почекајте водата да
се излади пред да ја исцедите. Редовно чистете го филтерот за
вода за да избегнете водата да не се исфрла поради затнување
на филтерот. Ако водата не може да се исфрли, екранот
покажува дека филтерот за вода може да е затнат.
Отстранете ја покривната плоча во долниот дел од машината
со помош на шрафцигер: со раката турнете ја надолу едната
страна од покривната плоча, а потоа ставете го шрафцигерот во
просторот помеѓу покривната плоча и предниот панел и отворете
ја покривната плоча. Под филтерот за вода ставете широк рамен
сад за да ја соберете одводната вода. Полека свртете го филтерот
спротивно од стрелките на часовникот додека водата не истече.
Оставете водата да истекува без да го вадите филтерот. Кога ќе се
наполни садот, затворете го филтерот за вода вртејќи го во насока
на стрелките на часовникот. Испразнете го садот. Повторувајте ја
постапката додека не се исцеди целата вода. Под филтерот за вода
ставете памучна крпа што може да впие мал дел од преостанатата
вода. Потоа извадете го филтерот вртејќи го спротивно од
стрелките на часовникот. Исчистете го филтерот за вода: отстранете
ги остатоците од филтерот и исчистете го под млаз вода. Ставете
го филтерот за вода и повторно наместете ја покривната плоча:
Повторно ставете го филтерот за вода вртејќи го надесно. Завртете
го докрај; рачката на филтерот мора да биде во вертикална насока.
За да ја тестирате непропустливоста на филтерот за вода, може да
истурите околу еден литар вода во диспензерот за детергент. Потоа
повторно наместете ја покривната плоча.
Чистење на диспензерот за детергент
Извадете го диспензерот за детергент со притискање на копчето
за ослободување и истовремено извлекување на диспензерот.
Извадете го вметнатиот дел за диспензерот за детергент, како
и вметнатиот дел за преградата за омекнувач. Исчистете ги
сите делови под млаз вода, отстранувајќи ги сите остатоци од
детергент и омекнувач. Исушете ги деловите со мека крпа. Вратете
го диспензерот за детергент и турнете го назад во преградата за
детергент.
ДОДАТОЦИ
Контактирајте со нашата постпродажна услуга за да
проверите дали се достапни следните додатоци за моделот на
вашата машина за перење.
Опрема од полица за редење
Со овој комплет, вашата машина за сушење може да се намести врз
вашата машина за перење за да заштедите простор и да го олесните
полнењето и празнењето на машината за сушење на повисока
положба.
ТРАНСПОРТ И РАКУВАЊЕ
Машината не треба да ја кревате држејќи ја за горниот дел.
Извлечете го приклучокот за струја и затворете ја славината.
Проверете дали вратата и фиоката за детергент се добро затворени.
Исклучете го доводното црево од славината за вода и извадете
го одводното црево од вашето место за одвод. Исцедете ја сета
заостаната вода од цревата и зацврстете ги за да не се оштетат при
транспорт. Повторно наместете ги транспортните завртки. Следете
ги упатствата за вадење на транспортните завртки во ВОДИЧОТ ЗА
МОНТИРАЊЕ по обратен редослед.
MK
Краток водич
Bekijk gratis de handleiding van Whirlpool FFL 7269 W EE, stel vragen en lees de antwoorden op veelvoorkomende problemen, of gebruik onze assistent om sneller informatie in de handleiding te vinden of uitleg te krijgen over specifieke functies.
Productinformatie
| Merk | Whirlpool |
| Model | FFL 7269 W EE |
| Categorie | Wasmachine |
| Taal | Nederlands |
| Grootte | 17674 MB |







