Whirlpool FFB 7269 WV EE handleiding
Handleiding
Je bekijkt pagina 60 van 98

ОТСТРАНУВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
Машината за перење понекогаш може да не работи правилно поради одредени причини. Пред да се јавите во центарот за постпродажни
услуги, се препорачува да проверите дали проблемот може лесно да се реши со помош на следната листа.
Аномалии: Можни причини / Решенија:
Машината за перење не се вклучува.
• Приклучокот не е вметнат во штекерот или не е доволно вметнат за да оствари контакт.
• Дошло до прекин на струја.
Циклусот на перење не започнува.
• Вратата не е целосно затворена.
• Копчето „ВКЛУЧИ/ИСКЛУЧИ“ не е притиснато.
• Копчето „Почеток/Пауза“ не е притиснато.
• Не е отворена славината за вода.
• Поставен е „Одложен почеток“ .
Машината за перење не се полни со
вода (на дисплејот се прикажува
пораката „H2O“). „Звучен сигнал“ на
секои 5 секунди.
• Цревото за довод на вода не е поврзано на славината.
• Цревото е свиткано.
• Не е отворена славината за вода.
• Доводот на вода е исклучен.
• Нема доволно притисок.
• Копчето „Почеток/Пауза“ не е притиснато.
Машината за перење постојано
полни и исфрла вода.
• Одводното црево не е монтирано на растојание од 65 до 100 cm од подот.
• Крајот на цревото е потопено во вода.
• Конекторот за одвод на ѕидот нема оддушок.
• Ако проблемот опстојува откако ќе ги извршите овие проверки, затворете ја славината за
вода, исклучете ја машината за перење и јавете се во службата за постпродажба. Ако
живеалиштето се наоѓа на еден од најгорните катови на зграда, понекогаш може да се
појави ефект на сифон, што предизвикува машината за перење постојано да полни и
испушта вода. Специјални антисифонски вентили се достапни на пазарот кои помагаат да
се спречат ваквите проблеми.
Машината за перење не исфрла вода
или не центрифугира.
• Програмата не ја вклучува функцијата за исфрлање вода: кај одредени програми таа мора
да се активира рачно.
• Одводното црево е свиткано.
• Одводната линија е попречена.
Машината за перење вибрира многу
за време на центрифугирање.
• Во моментот на инсталацијата, барабанот не е правилно деблокиран.
• Машината за перење не е нивелирана.
• Машината за перење е стисната помеѓу мебелот и ѕидот.
Машината за перење протекува.
• Цревото за довод на вода не е правилно затегнато.
• Диспанзерот за детергент е затнат.
• Одводното црево не е правилно прицврстено.
Машината е заклучена и екранот
трепка, што укажува на код за грешка
(на пр. F-01, F-..).
• Исклучете ја машината, исклучете го приклучокот од штекерот и почекајте околу 1 минута
пред повторно да ја вклучите.
• Ако проблемот опстојува, јавете се во службата за постпродажба.
Се формира премногу пена.
• Детергентот не е компатибилен со машината за перење (мора да го носи натписот „за
машинско перење“, „за рачно перење и машинско перење“ или нешто слично).
• Дозата е преголема.
Вратата е заклучена, со или без
индикација за дефект и програмата
не работи.
• Вратата се заклучува во случај на прекин на струја. Програмата ќе продолжи автоматски
штом повторно ќе дојде струја.
• Машината за перење е во мирување. Програмата ќе продолжи автоматски откако
потеклото на застојот повеќе не постои.
Регулаторна документација, стандардна документација, нарачки на резервни делови и дополнителни информации за
производот може да се најдат преку:
• Користење на Qr-кодот во вашиот уред
• Со посета на нашата веб-страница docs .whirlpool. eu/docs и parts - selfservice .europeanappliances. com
• Алтернативно, обратете се до нашата Служба за постпродажни услуги (Видете го телефонскиот број на гарантниот лист). Кога
разговарате со нашата Служба за постпродажни услуги, наведете ги кодовите од идентификациската плочка на производот.
За информации за поправки и одржување посетете ја страницата www.whirlpool.eu
Повеќе информации за вашиот модел може да најдете онлајн на https://eprel.ec.europa.eu/ што е официјална база на податоци за
производите EU EPREL. По избирањето на категоријата на производот, внесете го идентификаторот на моделот за производот.
Идентификаторот на моделот е составен од букви и цифри и може да се најде на идентификациската плочка, како Mod. (видете ја
сликата десно).
®/TM/© 2025 Whirlpool. Се произведува под лиценца
Bekijk gratis de handleiding van Whirlpool FFB 7269 WV EE, stel vragen en lees de antwoorden op veelvoorkomende problemen, of gebruik onze assistent om sneller informatie in de handleiding te vinden of uitleg te krijgen over specifieke functies.
Productinformatie
| Merk | Whirlpool |
| Model | FFB 7269 WV EE |
| Categorie | Wasmachine |
| Taal | Nederlands |
| Grootte | 19901 MB |







