Philips OneUp 5000 series XV5113 handleiding
Handleiding
Je bekijkt pagina 47 van 58

47
- Секогаш користете полнач и кабел за полнење што ги исполнуваат спецификациите пропишани во прирачникот за корисниците и во
оваа важна брошура за безбедносни информации и во согласност со локалните стандарди.
- Немојте да користите ниту еден кабел за полнење кога тој е оштетен.
- Philips не е одговорен за последиците од користењето полначи и кабли за полнење што не ги исполнуваат спецификациите пропишани
во прирачникот за корисниците и во оваа важна брошура за безбедносни информации.
- Секогаш користете полнач и кабел за полнење што ги исполнуваат спецификациите пропишани во прирачникот за корисниците и во
оваа важна брошура за безбедносни информации и во согласност со локалните стандарди.
- Никогаш немојте да го демонтирате рачниот држач од уредот откако тој ќе биде монтиран на уредот согласно упатствата во
прирачникот за корисникот. Рачниот држач смее да се отстранува само кога ќе го фрлате уредот.
- Philips го тестираше овој уред само со средство за чистење подови Philips OneUp Floor Cleaner XV1892. Други детергенти може да
направат премногу пена што ги намалува перформансите на уредот и може да предизвика дефект.
- Кога го користите уредот со вградениот систем за детергент, немојте да додавате повеќе од 1 ml од средството за чистење подови
Philips OneUp Floor Cleaner XV1892 во резервоарот за чиста вода.
- Кога го користите овој апарат, користете вода на температура што не надминува 50 °C за да избегнете повреда и оштетување на уредот.
- Редовно користете детергент што не создава пена во овој уред за да спречите создавање бактерии. Чувајте го уредот со суви
резервоари.
- Овој уред може да го користат деца на возраст од 8 години и повеќе, како и лица со намалени физички, сензорни или ментални
способности или со недостаток на искуство и знаење, доколку се под надзор или добиваат инструкции за користењето на уредот на
безбеден начин и ги разбираат потенцијалните опасности. Децата не треба да си играат со уредот. Децата не треба да го чистат или да
го одржуваат уредот без надзор.
- При складирање на уредот подолго од еден месец (без користење или полнење), осигурете се дека батеријата е наполнета до најмалку
50 %. Складирање на уредот со празна батерија може да доведе до неповратна штета на батеријата.
- Пред да го користите уредот, осигурете се дека сте ја исчистиле и монтирале заменливата подлога Philips OneUp Replaceable Pad
XV1882 согласно упатствата во прирачникот за корисниците.
- Задолжително редовно чистете ја и заменувајте ја заменливата подлога Philips OneUp Replaceable Pad XV1882 согласно упатството од
прирачникот за корисниците.
- Однесете го уредот во овластен сервисен центар на Philips кога веќе не можете да ја наполните или кога брзо се празни.
- Ако уредот ако е оштетен, не полнете го.
- Овој уред е изработен само за домашна употреба. Не користете го овој уред за пребришување градежен шут, прав од цемент, пепел,
ситен песок, вар и слични супстанции. Ова може да го скрати работниот век на уредот. Секогаш чистете ги сите делови на уредот така
како што е прикажано во корисничкото упатство. Не чистете ниту еден дел со вода и/или со средства за чистење ако ова не е конкретно
прикажано во корисничкото упатство.
- Овој уред е изработен само за домашна употреба. Индустриската употреба може да го оштети уредот и да го скрати работниот век на
уредот.
Внимание
- Со правосмукалка исчистете го подот пред да го користите уредот.
- Не приклучувајте го, откачувајте го и не работете со уредот со мокри раце.
- Секогаш исклучувајте го уредот по користењето и пред да го полните.
- Не мијте ги во машина за миење садови деловите од уредот што може да се отстранат. Овие делови не се соодветни за машини за
миење садови.
- Секогаш чувајте го уредот на рамна и стабилна површина.
- Секогаш користете го уредот со заменливата подлога Philips OneUp Replaceable Pad XV1882 прикачена на млазницата.
- Пред да го складирате уредот, секогаш отстранувајте ја заменливата подлога Philips OneUp Replaceable Pad XV1882 и осигурете се дека
резервоарите за вода се суви.
- Заменливата подлога Philips OneUp Replaceable Pad XV1882 може да се мие во машина за перење. Мијте ја заменливата подлога Philips
OneUp Replaceable Pad согласно информациите на етикетата за миење што е прикачена на нејзе. Мијте ја заменливата подлога Philips
OneUp Replaceable Pad во половина наполнета машина за перење со програма за нежно перење и на мали вртежни брзини. Немојте да
ја сушите во машина или да користите омекнувач.
- Никогаш не користете додатоци или делови од други производители или оние што Philips не ги препорачува конкретно. Доколку
користите такви додатоци или делови, вашата гаранција станува неважечка.
- Ако вашиот уред дошол со ѕиден прикачувач, осигурете се дека уредот е монтиран со ѕидниот прикачувач прикачен на ѕидот, согласно
упатствата во прирачникот за корисниците. Внимавајте кога дупчите дупки во ѕидот за прикачување на ѕидниот прикачувач, за да
избегнете ризик од електричен удар.
- Вадете го и чистете го резервоарот за валкана вода од уредот по секое користење за да избегнете да мириса.
- Овој уред користи вода за чистење, па затоа подот може да биде влажен и лизгав некое време (Сл. 3).
- Редовно чистете ги резервоарите за чиста и валкана вода ако не го користите уредот некое време.
- За да се гарантираат добри резултати при чистење и соодветно функционирање на уредот, секогаш користете оригинална заменлива
подлога Philips OneUp Replaceable Pad XV1882.
- Користете го средството за чистење подови Philips OneUp Floor cleaner XV1892 за оптимални перформанси и за да го заштитите
интегритетот на уредот.
- Специјално дизајнираниот детергент е ригорозно тестиран за беспрекорна компатибилност и ефективност во правосмукалките и
уредите за чистење на Philips.
- Користењето алтернативни агенси за чистење може да ги компромитира и потенцијално да ги оштети внатрешните компоненти на
машината.
- Забелешка: користењето алтернативни агенси за чистење ја поништува гаранцијата од производителот во случај на какви било
последователни дефекти.
Безбедносни упатства за батеријата
- Секогаш исклучете го производот од кабел кога е целосно наполнет.
- Полнете го, користете го и чувајте го производот на температура помеѓу 5°C и 35°C.
- Немојте да го отворате, изменувате, продупчувате, оштетувате или расклопувате производот или батеријата за да спречите батериите
да се загреваат или да испуштаат токсични или опасни супстанции. Немојте да правите краток спој, премногу да ги наполнувате или
обратно да ги полните батериите.
- Чувајте ги производот и батериите подалеку од оган и немојте да ги изложувате на директна сончева светлина или високи температури.
- Ако производот се загрее премногу или почне да мириса, ја промени бојата или ако полнењето трае подолго од вообичаено,
престанете со користењето и полнењето на производот и контактирајте со нас.
- Не ставајте ги производите и нивните батерии во микробранови печки или на индукциски шпорети.
- Ако батериите се оштетени или протекуваат, избегнувајте контакт со кожата или очите. Ако се случи тоа, веднаш исплакнете добро со
вода и побарајте лекарска помош.
- Приклучокот мора да се извади од штекерот пред чистење или одржување на уредот. Исто така осигурете се дека ќе го затворите
гуменото заштитно крилце за да го покриете влезот за USB-C.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој уред е во согласност со важечките стандарди и регулативи во врска со изложеноста на електромагнетни полиња.
Bekijk gratis de handleiding van Philips OneUp 5000 series XV5113, stel vragen en lees de antwoorden op veelvoorkomende problemen, of gebruik onze assistent om sneller informatie in de handleiding te vinden of uitleg te krijgen over specifieke functies.
Productinformatie
| Merk | Philips |
| Model | OneUp 5000 series XV5113 |
| Categorie | Niet gecategoriseerd |
| Taal | Nederlands |
| Grootte | 6409 MB |







