Milwaukee MXF WBT60 handleiding
Handleiding
Je bekijkt pagina 81 van 93

160 161
MXF WBT60
5033 95 01 XXXXXX MJJJJ
2402-2480 MHz
1,8 dBm
4.0 BT signal mode
1600 min
-1
3600 min
-1
70 min
-1
160 min
-1
56 kg
59... 62 kg
1422,4 / 762 / 933,5 mm
882,7 / 762 / 914,4 mm
610 mm
direct
-18...+50 °C
MXF CP203, MXF HD812, MXF XC406, MXF XC608
MXFC, MXFPS, MXFSC
75,8 dB(A) / 3 dB(A)
91,2 dB(A) / 3 dB(A)
1,42 m/s
2
/ 1,5 m/s
2
МАКЕДОНСКИ
заштитна маска.
Контактот на кожата со бетон, цемент или други додатни
материјали може да предизвика иритација на кожата.
Избегнувајте директен контакт со кожата.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да
е зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и
не горете ги. Дистрибутерите на
Milwaukee ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од
краток спој).
Користете исклучиво Систем MXF за полнење на батерии од
MXF систем. Не користете батерии од друг систем.
Никогаш не ги кршете батериите и полначите и чувајте ги само
во суви
простории. Заштитете од влага.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт
со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај
на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и
задолжително одете на лекар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Овој уред содржи литиумска
ќелиска батерија.
Новата или употребената батерија може да предизвика
сериозни внатрешни изгореници и да доведе до смрт во што
малку како два часа, ако се проголта или влегува во телото.
Секогаш прицврстете го капакот на батеријата.
Ако тоа не се затвора безбедно, престанете да го користите
уредот, отстранете ги батериите и чувајте го подалеку од деца.
Ако мислите дека батериите се проголтани или се влезени во
телото, веднаш побарајте медицинска помош.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката
,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат
избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Оваа рачно управувана машина е наменета само за
професионална употреба. Наменета е исклучиво за глетување
и брусење на стврднат бетон и кошулица. Машината е
дизајнирана за глетување и брусење на рабовите на бетонските
подови блиску до ѕидови, околу столбови и во мали простории.
Не користете ја машината на некомпактни површини, како
што
се асфалт, стврднат бетон, земја или песок, бидејќи тоа може да
предизвика оштетување на машината.
Кога ракувате со машината, важно е да ги следите сите упатства
во ова упатство за работа, како и упатствата за сервисирање и
одржување.
Забрането е поврзување на неовластени компоненти со
машината.
Не користете го
производот на поинаков начин од наведениот.
ПРЕОСТАНАТИ РИЗИЦИ
Дури и при уредна употреба на машината, не може да се
исклучат сите преостанати ризици. При употребата може да
настанат следните опасности, на кои операторот треба особено
да внимава:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации.
Држете ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете
го времето на работа и
експозиција.
• Повреди настанати од нестручни техники на дигање и
ракување
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на
слухот. Носете заштита за ушите и ограничете го траењето на
експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на
очите.
Секогаш носете заштитни очила, долги пантолони, ракавици
и цврсти чевли.
• Нагризување од бетонот што се стврднува.
Секогаш носете заштитни очила, долги пантолони, ракавици
и цврсти чевли.
• Вдишување токсични прашини.
• Носете соодветна маска за заштита од прашина и обезбедете
добра вентилација.
ПРИКАЗ НА СОСТОЈБА НА ПОЛНЕЊЕ
По активирањето на машината, индикаторот за батеријата
го прикажува преостанатото време за работа на батеријата.
Индикаторот го покажува статусот на полнењето на
заменливата батерија. Ако е наполнета помалку од 10%, ќе
почне да трепка сијаличка на индикаторот. Ако се испразни до
0%, индикаторот за батерија ќе почне да трепка 8 пати. Тогаш,
наполнете ја заменливата батерија.
10-32% 32-55% 55-77% 77-100%
МЕРАЧ НА ТЕМПЕРАТУРА
Ако машината се прегрее, мерачот на температурата трепка и
машината се исклучува.
Кога мерачот на температурата ќе престане да трепка,
машината е повторно подготвена за употреба.
ONE-KEY™
За да дознаете повеќе за функционирањето на ONE-KEY
на оваа алатка, Ве молиме прочитајте го упатството за брзо
стартување или посетете на интернет на: www.milwaukeetool.eu/
one-key. Апликацијата ONE-KEY може да ја симнете на Вашиот
смартфон преку App Store или Google Play.
Ако дојде до електростатско празнење, Bluetooth поврзувањето
ќе биде прекинато. Во таков случај, повторно воспоставете ја
врската рачно.
Индикатор ONE-KEY™
Сино постојано
светло
Безжичниот режим е активен и подготвен
за конфигурирање преку апликацијата
ONE-KEY™.
Сино
трепкачко
светло
Алатката активно комуницира со
апликацијата ONE-KEY™.
Црвено
трепкачко
светло
Алатката е заклучена поради безбедност
и може да ја отклучи операторот преку
апликацијата ONE-KEY™.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Наизменични батерии кои што подолго време не биле
употребувани пред употреба да се наполнат.
Температура повисока од 50оС го намалуваат траењето на
батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на
високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За
оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За што е можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од полначот за батерии.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Чувајте ја батеријата на суво место на температура под 27 °C.
Акумулаторот да
се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-
јонски батерии
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне
висока потрошувачка на струја, на пример екстремно високи
МАКЕДОНСКИ
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Tип на дизајн
Производен број
Фреквентна лента (фреквентни ленти) за блутут
високофреквентна моќност
Верзија блутут
Брзина на моторот, мин.
Брзина на моторот, макс.
Брзина без оптоварување, мин.
Брзина без оптоварување, макс.
Тежина (само на машината)
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 (2.0 Ah ... 12 Ah)
Должина/ширина/висина
Должина/ширина/висина (склопено)
Дијаметар на куќиште
Тип на спојка
Препорачана температура
на околината при работа
Препорачани типови на акумулаторски батерии
Препорачани полначи
Информации за бучавата:
Измерените вредности се одредени согласно стандардот EN 12649.
A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:
Ниво на звучен притисок. / Несигурност K
Ниво на јачина на звук. / Несигурност K
Носете штитник за уши.
Информации за вибрации: Вкупни вибрациски вредности
(векторски збир на трите насоки) пресметани согласно EN 62841.
Вибрациска емисиона вредност a
h
/ Несигурност K
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите
безбедносни упатства, инструкции, илустрации и
спецификации за овој електричен алат. Недоследно
почитување на подолу наведените упатства можe да предизвика
електричен удар, пожар и/или сериозни повреди.
Чувајте ги сите предупредувања и упатства за употреба.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА ЕЛЕКТРИЧНАТА МИСТРИЈА
ЗА БЕТОН
Секогаш држете ги неовластените, неискусните и необучени
луѓе подалеку од машината.
Обрнете внимание на движењата на другите луѓе и опремата во
работната област или на местото на употреба.
Обрнете внимание на посебните опасности (на пр., нестабилни
услови на земјата, ризик од паѓање) и преземете мерки за нивно
отстранување пред да ракувате
со машината.
ОПАСНОСТ! Никогаш не ракувајте со машината во експлозивна
атмосфера или во близина на запаливи материјали.
Ротирачките и подвижните делови може да предизвикаат
повреди доколку се допрат. Проверете дали сите штитници
се на место. Држете ги дланките и стапалата подалеку од
подвижните делови.
За управување на производот се употребуваат
само рачките.
Бидете внимателни доколку цевките или каблите излегуваат
од површината што треба да се глетува. Ако сечилата на
мистријата удрат во такви пречки, операторот може да се
повреди или машината може да се оштети.
Опасност од исекотини! Сечилата на мистријата со текот на
времето стануваат со остри рабови. Секогаш носете заштитни
ракавици
кога ракувате со стари сечила на мистријата.
Машината да се носи за рачката за носење и внимателно да се
подига за да се избегнат повреди на грбот.
Машината никогаш да не се носи ако моторот работи.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Употребувајте заштитна опрема. При работа со машината
постојано носете заштитни очила. Се препорачува заштитна
облека како: маска за заштита од прашина, заштитни ракавици,
цврсти чевли што не се лизгаат, кацига и заштита за уши.
Секогаш обезбедете сигурна подлога и одржувајте рамнотежа.
Избегнувајте преголемо наведнување. Преголемо наведнување
може да доведе до губење
на рамнотежа.
Одржувајте ги рачките суви, чисти и без масло и масти.
Мрсните, маслени рачки се лизгави и предизвикуваат губење на
контролата.
Пршината која се создава при користење на овој алат може да
биде штетна по здравјето. Не ја вдишувајте. Носете соодветна
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Нивото на вибрации и емисија на бучава дадени во овој информативен лист се измерени во согласност со стандардизиран метод
на тестирање даден во EN 62841 и може да се користат за споредување на еден електричен алат со друг. Тие исто така може да се
користат при првична проценка на изложеност.
Наведеното ниво на
вибрации и емисија на бучава ја претставува главната примена на алатот. Сепак ако алатот се користи за
поинакви примени, со поинаков прибор или лошо се одржува, вибрациите и емисијата на бучава може да се разликуваат. Тоа може
значително да го зголеми нивото на изложеност преку целиот работен период.
Проценка на
нивото на изложеност на вибрации и бучава треба исто така да се земе предвид кога е исклучен алатот или кога е
вклучен, но не врши никаква работа. Тоа може значително да го намали нивото на изложеност преку целиот работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за да се заштити операторот од ефектите
на вибрациите и/или бучавата како на пр.:
одржувајте го алатот и приборот, рацете нека ви бидат топли, организација на работните шеми.
Електрична мистрија за бетон
Bekijk gratis de handleiding van Milwaukee MXF WBT60, stel vragen en lees de antwoorden op veelvoorkomende problemen, of gebruik onze assistent om sneller informatie in de handleiding te vinden of uitleg te krijgen over specifieke functies.
Productinformatie
| Merk | Milwaukee |
| Model | MXF WBT60 |
| Categorie | Niet gecategoriseerd |
| Taal | Nederlands |
| Grootte | 27010 MB |







