Milwaukee M18 BBPFP2-WST handleiding
Handleiding
Je bekijkt pagina 73 van 83

144 145
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за транспорт на опасни
материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните, националните и
меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен транспорт на
истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски
батерии од страна на шпедитерски
претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на опасни материии.
Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно
обучени лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени
и изолирани, а сето тоа со цел да се
избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско претпријатие.
ТРАНСПОРТ И ЧУВАЊЕ
• Отстранете ja заменливата батерија.
• Бидете сигурни дека сите делови се чисти и суви.
• Исчистете го уредот од сите туѓи супстанции.
• Испразнете го резервоарот пред транспорт или за подолго складирање.
• По секоја употреба проверете го уредот за протекување. Протекувањето треба да
се поправи од овластен сервисен центар.
• Стапчето за прскање
може да се чува во држачот.
• Осигурајте го производот при транспорт од движење или пад, за да се спречи
повреда на лица или оштетување на производот.
• Чувајте го уредот на ладно, суво, добро проветрено место, подалеку од дофат на
деца. Избегнувајте контакт со нагризувачки средства, како што се градинарски
хемикалии или патна сол. Уредот не треба да се чува на отворено.
ПОЛНЕЊЕ НА ПУМПАТА
Пред првата употреба или по долг период на складирање, пумпата и резервоарот
мора да се наполнат.
1. Извадете го резервоарот од базата.
2. Наполнете го резервоарот со чиста вода.
3. Вметнете го резервоарот.
4. Вметнете ја батеријата. Затворете ја и блокирајте ја преградата за батерии.
5. Вклучете го распрскувачот, поставете го контролорот на
протокот на 5 и прскајте
30 секунди или додека не се постигне континуиран проток.
ЧИСТЕЊЕ НА РЕЗЕРВОАРОТ
1. Извадете го резервоарот од основниот уред и ставете го на рамна површина,
подалеку од основниот уред, за да се спречи да основниот уред дојде во контакт
со груби хемикалии.
2. Наполнете го резервоарот околу една третина со чиста вода.
3. Заменете го резервоарот и прскајте ја водата додека не се испразни
целосно и не
излегува повеќе вода. За да го испразните остатокот, навалете го садот 10° кон
приклучокот на цревото, вратете го во хоризонтална положба и пумпајте додека
повеќе не истекува вода. Погрижете се да го насочите млазот за прскање кон
област што не може да се оштети од хемиските остатоци во резервоарот.
4. Повторете го овој процес со чиста вода, додека резервоарот не е темелно
исчистен. Исчистете ги млазниците со вода од надворешната страна и избришете
ги со крпа.
5. Избришете ја надворешната страна на резервоарот со чиста, сува крпа.
6. Овозможите да се сите делови добро исушат пред да ги инсталирате и да
го
зачувате уредот. Секогаш прво ставете го ситото пред да го наместите капакот на
резервоарот.
ОДРЖУВАЊЕ
За инспекција на уредот треба особено внимание и стручност. Сервисот треба да го
изведува само квалификуван сервисен техничар. Препорачуваме да го испратите
уредот до овластен сервисен центар. За одржување користете само оригинални
резервни делови.
Извршете ги само нагодувањата или поправките наведени во овој прирачник. За други
работи, ве молиме контактирајте со
овластен сервисен центар.
Исчистете го уредот по секоја употреба како што е опишано во овој прирачник.
Пред чистење испразнете го резервоарот.
За таа цел, испразнете ја течноста за прскање преку отворот за полнење.
Испуштете ја течноста за прскање во специјален сад наменет за хемикалии. Не
чувајте ја течноста за прскање во резервоарот.
Секогаш користете чиста вода за чистење и плакнење на резервоарот. Ако е
потребно, можете да
додадете мала количина на детергент за домаќинство.
Избришете го уредот со чиста, сува крпа.
Можеби ќе треба да го исплакнете резервоарот неколку пати.
Чистење на електричните контакти
Осигурете се дека електричните контактни точки помеѓу долната страна на
резервоарот и основниот уред се секогаш чисти. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Пред
чистењето на електричните контакти
отстранете ја заменливата батерија. Исчистите
ги електричните контакти со сува чиста крпа.
Резервоар Основен уред
Електрични контакти
Отстранување
Никогаш не фрлајте хемиски остатоци или контаминирана вода за плакнење во
водотеци, канализација, одводни канали, олуци или шахти.
Хемиските остатоци и празните садови треба да се отстранат во согласност со
локалните прописи за отпад.
ДОДАТОЦИ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку некои од
компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте
ги сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот со наведување на
машинскиот тип и шестоцифрениот број на табличката со
учинокот или во Вашата
корисничка служба или директно кај Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10,
71364 Winnenden, Германија.
МЛАЗНИЦИТЕ СЕ ЗАТНАТИ
Ако млазниците се затнати, веднаш исклучете ја прскалката.
Осигурите се дека акумулаторот е отстранет.
Носете заштитна опрема како што се ракавици и очила.
Извадете ги млазниците и исчистете ги со чиста вода. Заменете ги дефектните
филтри.
НАОЃАЊЕ НА ГРЕШКИ
ПРОБЛЕМ МОЖНА ПРИЧИНА РЕШЕНИЕ
Притисокот е
премногу низок
Батеријата не е доволно
наполнета
Наполнете ја батеријата
Нема притисок Батеријата не е доволно
наполнета
Наполнете ја батеријата
Протекување Приклучоците не се
правилно поврзани,
заптивките се порозни
Затегнете ги приклучоците
правилно, заменете ги
заптивките
Моторот не работи Батеријата е празна или
дефектна
Наполнете ја или заменете ја
батеријата
МАКЕДОНСКИ МАКЕДОНСКИ
Нема струја на
течноста
Млазниците се затнати Исчистете ги млазниците со
компримиран воздух или со
соодветен растворувач
СИМБОЛИ
Ве молиме внимателно прочитајте ги упатствата за употреба пред
пуштањето во употреба.
ПРЕТПАЗЛИВОСТ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е
зафат врз машината.
Постојано да се носат заштитни очила!
Носете соодветна заштитна маска.
Користете заштитна облека
Носете ракавици!
Носете цврсти чевли кои не се лизгаат!
Заштитете ја заменливата батерија од дожд. Не користете ја
заменливата батерија во влажни подрачја.
Не прскајте запаливи течности.
Не прскајте во правец на луѓето или животните!
Не прскајте против зид!
Не прскајте против ветрот!
Не држете ја млазницата нагоре! Прскајте само надолу!
Очистените делови треба да се чуваат суви и без замрзнување.
Електрична заштита од класа III.
4
x
Отстранете ja заменливата батерија.
Чувајте ги електричните контакти чисти.
За време на прскањето, оддалечете ги настрана другите лица.
Опасни хемикалии
Применливи хемиски супстанци
Тежина кога уредот е празен
(вклучувајќи основен уред, резервоар,
заменлива батерија)
Не отстранувајте ги отпадните батерии, отпадната електрична и
електронска опрема како несортиран комунален отпад. Отпадните
батерии и отпадната електрична и електронска опрема мора да се
собираат посебно.
Отпадните батерии, отпадните акумулатори и отпадните извори на
светлина треба да се отстранат од опремата.
Проверете кај вашиот локален орган или продавач за совети за
рециклирање и место за собирање.
Во зависност од локалните регулативи, трговците на мало може
да се обврзани бесплатно да ги преземаат искористените батерии,
како и отпадната електрична и електронска опрема.
Вашиот придонес за повторна употреба и рециклирање на
отпадните батерии и отпадната електрична и електронска опрема
помага да се намали побарувачката на суровини.
Отпадните батерии, посебно оние што содржат литиум, и
отпадната електрична и електронска опрема содржат вредни
материјали за рециклирање, кои може негативно да влијаат
на животната средина и на здравјето на луѓето доколку не се
отстранат на еколошки компатибилен начин.
Избришете ги личните податоци од отпадната опрема, доколку
ги има.
V
Напон
Истосмерна струја
Европска ознака за усогласеност
Ознака за сообразност на ОК
Украинска ознака за сообразност
EurAsian (Евроазиски) знак на конформитет.
Bekijk gratis de handleiding van Milwaukee M18 BBPFP2-WST, stel vragen en lees de antwoorden op veelvoorkomende problemen, of gebruik onze assistent om sneller informatie in de handleiding te vinden of uitleg te krijgen over specifieke functies.
Productinformatie
| Merk | Milwaukee |
| Model | M18 BBPFP2-WST |
| Categorie | Niet gecategoriseerd |
| Taal | Nederlands |
| Grootte | 21386 MB |







