Milwaukee M12 SPEJSG2 handleiding

55 pagina's
PDF beschikbaar

Handleiding

Je bekijkt pagina 46 van 55
90 91МАКЕДОНСКИ
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се наполнат
пред употреба.
Температура повисока од 50оС го намалуваат траењето на
батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на високи
температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален
работен век батериите мора да се наполнат целосно
по употреба.
За што е можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од полначот за батерии.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Чувајте ја батеријата на суво место на температура под 27 °C.
Акумулаторот да се
складира на приближно 30%-50% од состојбата
на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните,
националните и меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на
овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на
шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на
опасни материии. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да
ги вршат исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес
треба да биде стручно надгледуван.
При
транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната
амбалажа.
Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски
батерии.
За
понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско
претпријатие.
КОПЧИЊА
Вклучување
Исклучување
Пушти / пауза
Поставување звук (притискајте 2 секунди)
Следна песна (притиснете двапати)
Претходна песна (притиснете три пати)
Јачина на звук
Прилагодување на басот и високите тонови
Директен пристап до режимот BluetoothTM
Аудиоврска
Вклучување:
Притиснете го копчето
. Се огласува звук, а светлосната лента
пулсира за да покаже дека звучникот е вклучен.
Звучникот емитува звук за сигнал и почнува автоматски да бара уред
со Bluetooth™.
Спојување преку Bluetooth™
За да споите уред со звучникот, изберете „Milwaukee M12 Jobsite
Speaker“ на уредот со овозможен Bluetooth™.
По спојувањето, звучникот емитува звук за сигнал, а светлосната
лента постојано свети.
Кога е вклучен, звучникот автоматски повторно се поврзува со
последниот споен уред.
За да го споите звучникот со нов уред, притискајте го копчето
неколку секунди. Звучникот емитува звук за сигнал, а светлосната
лента пулсира. Потоа изберете „Milwaukee M12 Jobsite Speaker“ на
уредот со овозможен Bluetooth™.
Апарат исклучен
Притиснете го копчето
.
Доколку звучникот не се користи 30 минути, автоматски ќе се исклучи.
Приспособување на звукот
За рачно да ги поставите басот и високите тонови, притиснете
и задржете го копчето
. Поставете ги басовите користејќи ги
копчињата
. Повторно притиснете го копчето и користете ги
копчињата
за да ги приспособите високите тонови.
За да излезете од режимот за поставување звук, притиснете го
копчето
или почекајте неколку секунди.
Приказ на статусот на полнењето
Кога батеријата на звучникот е скоро празна, ќе се огласи
предупредувачки звук за батеријата. Левата ЛЕД-сијаличка на
светлосната лента ќе трепне три пати, а светлосната лента ќе трепне
еднаш и потоа ќе свети постојано. Репродукцијата ќе продолжи.
Предупредувачкиот звук за батеријата
ќе се огласи три пати пред таа
целосно да се испразни. Левата ЛЕД-сијаличка на светлосната лента
ќе трепне три пати, а звучникот ќе се исклучи.
Аудиоврска
Неколку звучници може да се поврзат еден со друг користејќи ја
функцијата за аудиоврска. Првиот звучник (Master) управува со
другите звучници (Slaves). Slave не можат да управуваат
со Master.
Поставките на Master (јачина на звук, репродукција, пауза, музички
запис) се однесуваат на сите поврзани звучници. Поставките на Slave
не се однесуваат на другите звучници.
Сите звучници може да се контролираат преку истиот уред со
овозможен Bluetooth™.
1. Вклучете го првиот звучник (Master) и притиснете го копчето
. Ќе се огласи звук и светлосната лента ќе трепне еднаш, а потоа
ќе свети постојано.
2. Вклучете го вториот звучник (Slave) и притиснете го копчето
. Ќе се огласи звук. Светлосната лента ја означува јачината на
звукот на звучникот Master.
3. Повторете го чекор 2 за секој дополнителен звучник.
За да ја исклучите врската со звучникот Slave, притиснете го копчето
или исклучете го звучникот.
За да ја прекинете аудиоврската за сите звучници, притиснете го
копчето
на звучникот Master или исклучете го звучникот.
Фабрички поставки
Притиснете и задржете го копчето
додека звучникот не емитува
звук за сигнал и светлосната лента не започне да пулсира. Не
поврзувајте го звучникот со уред.
Притискајте ги трите копчиња / / истовремено, 5 секунди.
Звучникот ќе се ресетира на фабричките поставки.
ДОЈДОВНИ ПОВИЦИ
Дојдовните повици се исклучени и репродукцијата на музиката е
паузирана.
По завршувањето на повикот, репродукцијата на музика продолжува.
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети,
Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee
(консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот
со наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот број на
табличката
со учинокот или во Вашата корисничка служба или
директно кај Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10,
71364 Winnenden, Германија.
СИМБОЛИ
Ве молиме внимателно прочитајте ги упатствата за
употреба пред пуштањето во употреба.
ПРЕТПАЗЛИВОСТ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на
каков и да е зафат врз машината.
Овој алат е исклучиво за внатрешна употреба.
Никогаш не го изложувајте алатот на дожд.
Не го горете искористениот батерискиот сколоп.
Не полнете оштетените батерии. Заменете ги со
нови.
Заштитна класа III
Не отстранувајте ги отпадните батерии, отпадната
електрична и електронска опрема како несортиран
комунален отпад. Отпадните батерии и отпадната
електрична и електронска опрема мора да се
собираат посебно.
Отпадните батерии, отпадните акумулатори и
отпадните извори на светлина треба да се отстранат
од опремата.
Проверете кај вашиот локален орган или продавач за
совети
за рециклирање и место за собирање.
Во зависност од локалните регулативи, трговците
на мало може да се обврзани бесплатно да ги
преземаат искористените батерии, како и отпадната
електрична и електронска опрема.
Вашиот придонес за повторна употреба и
рециклирање на отпадните батерии и отпадната
електрична и електронска опрема помага да се
намали побарувачката на суровини.
Отпадните батерии, посебно оние што содржат
литиум, и отпадната електрична и електронска
опрема содржат вредни материјали за рециклирање,
кои може негативно да влијаат на животната средина
и на здравјето на луѓето доколку не се отстранат на
еколошки компатибилен начин.
Избришете ги личните податоци од отпадната
опрема, доколку
ги има.
V
Напон
Истосмерна струја
Европска ознака за усогласеност
Ознака за сообразност на ОК
Украинска ознака за сообразност
EurAsian (Евроазиски) знак на конформитет.
МАКЕДОНСКИ

Bekijk gratis de handleiding van Milwaukee M12 SPEJSG2, stel vragen en lees de antwoorden op veelvoorkomende problemen, of gebruik onze assistent om sneller informatie in de handleiding te vinden of uitleg te krijgen over specifieke functies.

Productinformatie

MerkMilwaukee
ModelM12 SPEJSG2
CategorieSpeaker
TaalNederlands
Grootte10280 MB