Milwaukee M12 PCSS54 handleiding
Handleiding
Je bekijkt pagina 35 van 41

68 69
M12 PCSS54
5036 00 01 XXXXXX MJJJJ
12 V
35 mm, 42 mm, 54 mm
1,5 mm
2,9 ... 3,1 kg
-18...+50 °C
M12B…; M12HB…
C12C, M12C4, M12-18…
85 dB(A) / 3 dB(A)
93 dB(A) / 3 dB(A)
3,4 m/s
2
/ 1,5m/s
2
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на слухот. Носете
заштита за ушите и ограничете го траењето на експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на очите.
Секогаш носете заштитни очила, долги пантолони, ракавици и цврсти чевли.
• Вдишување токсични прашини.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се наполнат пред
употреба.
Температура повисока од 50оС го намалуваат траењето на батериите.
Избегнувајте подолго изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален
работен век батериите мора да се наполнат целосно по употреба.
За што е можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење треба
да бидат извадени од полначот за батерии.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Чувајте ја батеријата на суво место на температура под 27 °C.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-јонски батерии
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне висока
потрошувачка на струја, на пример екстремно високи вртежни моменти,
ненадејно стопирање или краток спој, електро-алатот вибрира 5 секунди,
приказот за полнење трепка и електро-алатот самостојно се исклучува.
За повторно вклучување ослободете го
притискачот на прекинувачот, а потоа
повторно вклучете.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева премногу. Во таков
случај трепкаат сите ламбички од приказот за полнење сè додека батеријата не
се излади. По гаснење на приказот за полнење може да се продолжи со работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските
батерии подлежат на законските одредби за транспорт на
опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните,
националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен транспорт
на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на
шпедитерски претпријатија подлежни
на одредбите за транспорт на опасни
материии. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги вршат
исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба да биде
стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа со цел
да
се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско претпријатие.
ЧИСТЕЊЕ
Отворите за вентилација на машината мора да бидат чисти во секое време.
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку некои од
компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте
ги сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот со наведување
на машинскиот тип и шестоцифрениот број на табличката со учинокот или
во Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic Industries GmbH,
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Германија.
СИМБОЛИ
Ве молиме внимателно прочитајте ги упатствата за употреба
пред пуштањето во употреба.
ПРЕТПАЗЛИВОСТ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е
зафат врз машината.
Секогаш при користење на машината носете ракавици.
Носете ракавици!
Чувајте ги рацете настрана од алатот за сечење и други
подвижни делови. Прстите можат да влезат во механизмот за
сечење и да бидат исечени или повреден.
Отворете го алатот за сечење.
Сечење
Да се затвори.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во стандардната, а
достапна е како додаток.
Не отстранувајте ги отпадните батерии, отпадната електрична
и електронска опрема како несортиран комунален отпад.
Отпадните батерии и отпадната електрична и електронска
опрема мора да се собираат посебно.
Отпадните батерии, отпадните акумулатори и отпадните извори
на светлина треба да се отстранат од опремата.
Проверете кај вашиот локален орган или продавач за совети за
рециклирање и место за собирање.
Во зависност од локалните регулативи, трговците на мало
може да се обврзани бесплатно да ги преземаат искористените
батерии, како и отпадната електрична и електронска опрема.
Вашиот придонес за повторна употреба и рециклирање на
отпадните батерии и отпадната електрична и електронска
опрема помага да се намали побарувачката на суровини.
Отпадните батерии, посебно оние што содржат литиум, и
отпадната електрична и електронска опрема содржат вредни
материјали за рециклирање, кои може негативно да влијаат
на животната средина и на здравјето на луѓето доколку не се
отстранат на еколошки компатибилен начин.
Избришете ги личните податоци од отпадната опрема, доколку
ги има.
V
Напон
Истосмерна струја
Европска ознака за усогласеност
Ознака за сообразност на ОК
Украинска ознака за сообразност
EurAsian (Евроазиски) знак на конформитет.
МАКЕДОНСКИ
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Tип на дизајн
Производен број
Напон на заменливата батерија
Пречник на цевката
Макс. дебелина на цевка
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 (2,0 Ah ... 6,0 Ah)
Препорачана температура на околината при работа
Препорачани типови на акумулаторски батерии
Препорачани полначи
Информации за бучавата: Измерените вредности се одредени согласно
стандардот EN 62841.
A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:
Ниво на звучен притисок
. / Несигурност K
Ниво на јачина на звук. / Несигурност K
Носте штитник за уши.
Информации за вибрации: Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на
трите насоки) пресметани согласно EN 62841.
Вибрациска емисиона вредност a
h
/ Несигурност K
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни упатства,
инструкции, илустрации и спецификации за овој електричен алат.
Недоследно почитување на подолу наведените упатства можe да предизвика
електричен удар, пожар и/или сериозни повреди.
Чувајте ги сите предупредувања и упатства за употреба.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Носете штитник за уши. Изложеноста на бука може да предизвика губење на
слухот.
Секогаш носете ракавици кога ја користите машината. Исто така препорачливо е
да се носат очила, цврсти чевли кои не се лизгаат и престилка.
Чувајте ги рацете и лабавата облека настрана од алати за сечење и други
подвижни
делови.
За да се намали ризикот од експлозии, електричар удар и материјални штети,
никогаш не сечете водови на гас, електрични водови или водови полни со вода.
Пред сечење испразнете ги водовите со вода.
Секогаш носете ракавици за да го намалите ризикот од повреда. Исечените
цевки може да имаат многу остри рабови. Не ги држете цевките на краевите.
Кога ќе се притисне чкрапецот, цевката се врти и постои ризик од исекување.
Не го отстранувајте или вметнувајте го работното парче без да го вратите лизгачот
во отворена положба. Вметнувањето / вадењето на работните парчиња додека
лизгачот е во положба за сечење може да ги оштети дискот за сечење и стегите.
Ако се заглави дискот за сечење, веднаш исклучете ја машината! Не ја
вклучувајте машината повторно додека дискот за сечење е сè уште заглавен.
Во спротивно, може да дојде до силен повратен удар. Утврдете ја и отстранете
причината за заглавувањето и почитувајте ги безбедносните упатства.
Mожни причини би можеле да се:
• работното парче е накосено,
• работното парче е заглавено во механиката.
• Преоптоварување на електричното орудие
Не фаќајте во машината кога работи.
дискот за сечење и работното парче може да се загреат за време на работата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од изгоретини
• при менување на дискот за сечење.
• при ставање на апаратот на страна
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не горете ги.
Дистрибутерите на Milwaukee ги собираат старите батерии, со што ја штитат
нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални
предмети (ризик од краток спој).
Полнете ги батериите само со соодветни полначи Milwaukee од истата
системска серија. Не користете батерии од други системи.
Киселината од оштетените батериите може да истече при екстремен напон или
температури. Доколку дојдете во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун
и вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и
задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од наранувања или
од оштетување на производот, коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте
во течност алатката, заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или електроспроводливи
течности, како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки препарати или
производи кои содржат избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Секачот на цевки се користи за сечење цевки изработени од не’рѓосувачки
челик, поцинкуван челик или бакар.
Парчињата цевки, што се пократки од 20 mm, не смеат да се обработуваат.
Кратките или извитканите парчиња може да влезат до тркалото за сечење и да
ја оштетат алатката.
Не користете го производот на поинаков начин
од наведениот.
ПРЕОСТАНАТИ РИЗИЦИ
Дури и при уредна употреба на производот не можат во целост да се исклучат
остаточни опасности. При употребата можат да се појават следниве ризици,
поради кое што корисникот мора да обрати внимание на следново:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации.
Држете ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете
го времето на
работа и експозиција.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Нивото на вибрации и емисија на бучава дадени во овој информативен лист се измерени во согласност со стандардизиран метод на тестирање даден во EN 62841 и
може да се користат за споредување на еден електричен алат со друг. Тие исто така може да се користат при првична проценка на изложеност.
Наведеното ниво на
вибрации и емисија на бучава ја претставува главната примена на алатот. Сепак ако алатот се користи за поинакви примени, со поинаков прибор
или лошо се одржува, вибрациите и емисијата на бучава може да се разликуваат. Тоа може значително да го зголеми нивото на изложеност преку целиот работен
период.
Проценка на
нивото на изложеност на вибрации и бучава треба исто така да се земе предвид кога е исклучен алатот или кога е вклучен, но не врши никаква работа.
Тоа може значително да го намали нивото на изложеност преку целиот работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за да се заштити операторот од ефектите
на вибрациите и/или бучавата како на пр.: одржувајте го алатот и приборот,
рацете нека ви бидат топли, организација на работните шеми.
Секачот за цевки
МАКЕДОНСКИ
Bekijk gratis de handleiding van Milwaukee M12 PCSS54, stel vragen en lees de antwoorden op veelvoorkomende problemen, of gebruik onze assistent om sneller informatie in de handleiding te vinden of uitleg te krijgen over specifieke functies.
Productinformatie
Merk | Milwaukee |
Model | M12 PCSS54 |
Categorie | Niet gecategoriseerd |
Taal | Nederlands |
Grootte | 10247 MB |