Indesit BTW S50400 handleiding

48 pagina's
PDF beschikbaar

Handleiding

Je bekijkt pagina 27 van 48
БЕЛЕЊЕ
Алиштата перете ги во саканата програма, Памук или Синтетика,
, додавајќи соодветна количина избелувач со хлор во преградата
за омекнувач (внимателно затворете го капакот). Веднаш по
завршувањето на програмата, свртете го „Избирачот на програма“
и повторно започнете ја саканата програма за да го елиминирате
резидуалниот мирис на избелувач; ако сакате, може да додадете
омекнувач. Никогаш во преградата за омекнувач во исто време
не ставајте избелувач со хлор и омекнувач.
СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ
Сортирајте ги алиштата според
Видот ткаенина/етикета за нега (памук, мешани влакна, синтетика,
волна, парчиња за рачно перење). Бојата (одделете ги алиштата
во боја од белите и новите алишта во боја перете ги одделно).
Деликатни (перете мали парчиња – како, на пример, најлонски
хулахопки – и парчиња облека што се закачуваат – како, на пример,
градници – во платнена торба или навлака за перница со патент).
Испразнете ги џебовите
Предмети, како монети или запалки, може да ги оштетат вашите
алишта, како и барабанот.
Внатрешност на уредот
Ако никогаш не перете алишта на температура од 90 °C или тоа го
правите ретко, препорачуваме повремено да ја пуштите програмата
на 90 °C без алишта, додавајќи мала количина детергент за да се
одржи чистотата на внатрешноста на апаратот.
Следете ги препораките за дозирање / додатоци
Го оптимизира резултатот од перењето, ги избегнува иритирачките
остатоци од вишокот детергент во вашите алишта и заштедува пари
со избегнување на трошењето вишок детергент.
Користете ниска температура и подолго траење
Најефикасни програми во однос на потрошувачката на струја, главно,
се оние што работат на пониски температури и што траат подолго.
Придржувајте се до зададените тежини на полнењето
Наполнете ја машината до капацитетот даден во „ТАБЕЛА СО
ПРОГРАМИ“ за да заштедите вода и струја.
Бучава и количество преостаната влага
Тие се под влијание на брзината на центрифугата: колку што е
поголема брзината на центрифугата во фазата на центрифугирање,
толку е поголема бучавата и толку е помала преостанатата
содржина на влага.
ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
За какво било чистење и одржување исклучете ја машината и
извадете го кабелот за напојување од штекер. Не користете
запаливи течности за чистење на машината за перење.
Чистете ја и одржувајте ја машината повремено (најмалку
четирипати годишно).
Чистење на надворешноста на машината за перење
Користете мека влажна крпа за да ги чистите надворешните делови
на машината. Не користете средства за чистење стакло или за општа
намена, прашок или слично за чистење на контролната табла—овие
супстанции може да го оштетат печатениот дел.
Диспензер за детергент
Чистете редовно, најмалку трипати или четирипати годишно
за да спречите собирање детергент:
Притиснете на копчето за отпуштање за да го отпуштите и
извадите диспензерот за детергент. Во диспензерот може да остане
мала количина вода, па затоа треба да го носите во исправена
положба. Измијте го диспензерот со вода од чешма. Исто така, може
да го извадите капакот на сифонот на задниот дел од диспензерот
заради чистење. Вратете го капакот на сифонот во диспензерот
(ако е изваден). Повторно поставете го диспензерот така што
ќе ги поставите јазичињата на долниот дел од диспензерот во
соодветните отвори на капакот и ќе го притиснете диспензерот врз
капакот додека не се блокира во место. Внимавајте диспензерот
за детергент да биде правилно повторно поставен.
Проверка на цревото за довод на вода
Редовно проверувајте го цревото за довод за кршливост и
пукнатини. Ако е оштетено, заменете го со ново црево што е
достапно преку нашата Служба за постпродажни услуги или преку
вашиот продавач. Во зависност од типот црево: Ако цревото за
довод има проѕирна облога, повремено проверувајте дали на
некои места се зголемува интензитетот на бојата. Ако се зголемува,
можеби цревото протекува и треба да се замени. За цревата за
запирање вода (ако се достапни): проверете го малиот
прозорец за проверка на безбедносниот вентил (видете ја
стрелката). Ако е црвено, активирана е функцијата за сопирање на
водата и цревото мора да се замени со ново. За одвртување на ова
црево притиснете го копчето за олабавување (ако има) додека го
одвртувате цревото.
Чистење на мрежестите филтри во доводното црево
Редовно проверувајте ги и чистете ги (најмалку двапати или
трипати годишно).
Затворете ја славината и разлабавете го доводното црево на
славината. Исчистете ја внатрешната мрежа и повторно зашрафете
го цревото на славината. Сега одвртете го доводното црево на
задната страна на машината за перење. Извлечете го мрежестиот
филтер од приклучокот на машината за перење со универзални
клешти и исчистете го. Вратете го мрежестиот филтер и повторно
зашрафете го доводното црево. Отворете ја славината и внимавајте
приклучоците да не пропуштаат вода.
Чистење на филтерот за вода/исцедување на преостанатата вода
Машината за перење е опремена со пумпа за самостојно чистење.
Филтерот ги задржува предметите, како што се копчиња,
парички, безопасни итн., кои се оставени во алиштата. Ако
сте користеле програма со жешка вода, почекајте водата да се
излади пред да ја исцедите. Редовно чистете го филтерот за
вода за да избегнете водата да не се исфрла поради затнување
на филтерот. Ако водата не може да се исфрли, индикаторот
покажува дека филтерот за вода може да е затнат.
Со паричка отворете го капакот на филтерот. Под филтерот за вода
ставете широк рамен сад за да ја соберете одводната вода. Полека
свртете го филтерот спротивно од стрелките на часовникот додека
водата не истече. Оставете водата да истекува без да го вадите
филтерот. Кога ќе се наполни садот, затворете го филтерот за вода
вртејќи го во насока на стрелките на часовникот. Испразнете го
садот. Повторувајте ја постапката додека не се исцеди целата вода.
Под филтерот за вода ставете памучна крпа што може да впие мал
дел од преостанатата вода. Потоа извадете го филтерот вртејќи го
спротивно од стрелките на часовникот. Исчистете ги филтерот за
вода (отстранете ги остатоците од филтерот и исчистете го под млаз
вода) и комората на филтерот. Внимавајте да не биде попречен
пропелерот на пумпата (во куќиштето зад филтерот). Вметнете го
филтерот за вода и затворете го капакот на филтерот. Повторно
ставете го филтерот за вода вртејќи го надесно. Внимавајте да го
свртите кон внатре колку што е можно повеќе. За испитување на
непропустливоста на филтерот за вода може да сипете околу еден
литар вода во барабанот и да проверите водата да не истекува од
филтерот. Потоа затворете го капакот на филтерот.
Запечатување на капакот
Периодично проверувајте ја состојбата на дихтунгот на капакот и
одвреме-навреме чистете го со влажна крпа.
Земање предмет што паднал помеѓу барабанот и кадата.
Ако помеѓу барабанот и кадата случајно падне предмет, може да го
земете благодарение на подвижните направи за подигнување на
барабанот.
Исклучете ја машината за перење од напојувањето. Извадете ги
алиштата од барабанот. Затворете ги перките од барабанот и свртете
го барабанот за половина круг (слика а). Со шрафцигер притиснете
на пластичниот дел истовремено со рака лизгајќи ја направата за
подигнување одлево кон десно (слика b, c); таа ќе падне во
барабанот. Отворете го барабанот. Предметот може да го земете
преку отворот во барабанот. Повторно поставете ја направата за
подигнување во внатрешноста на барабанот. Поставете го
пластичниот врв над отворот на десната страна на барабанот (слика
d). Потоа лизгајте ја пластичната направа за подигнување оддесно
кон лево додека не кликне. Повторно затворете ги перките од
барабанот, свртете го барабанот половина круг и проверете ја
положбата на острилото на неговите точки на прицврстување.
Повторно вклучете ја машината за перење во напојувањето.
ТРАНСПОРТ И РАКУВАЊЕ
Извлечете го приклучокот за струја и затворете ја славината.
Исклучете го доводното црево од славината за вода и извадете
го одводното црево од вашето место за одвод. Исцедете ја целата
заостаната вода од цревата и од машината за перење и зацврстете
ги цревата за да не се оштетат при транспорт. За олеснување на
движењето на машината малку повлечете ја со рака кон надвор
рачката за подвижност поставена на долниот преден дел (ако е
достапна на вашиот модел). Со нога извлечете ја машината за перење
докрај. Потоа вратете ја рачката за подвижност во оригиналната
стабилна положба. Повторно наместете го транспортниот држач.
Следете ги упатствата за вадење на транспортниот држач во
ВОДИЧОТ ЗА МОНТИРАЊЕ по обратен редослед.
a
b
c
d
MK
Краток водич

Bekijk gratis de handleiding van Indesit BTW S50400, stel vragen en lees de antwoorden op veelvoorkomende problemen, of gebruik onze assistent om sneller informatie in de handleiding te vinden of uitleg te krijgen over specifieke functies.

Productinformatie

MerkIndesit
ModelBTW S50400
CategorieWasmachine
TaalNederlands
Grootte9873 MB