Gorenje IMDW1500B handleiding

64 pagina's
PDF beschikbaar

Handleiding

Je bekijkt pagina 16 van 64
16
се врати во „стенд бај“, а индикаторот ќе почне да
трепка.
Со помош на копчето ИЗБЕРИ (SELECT)
за да ја изберете големината на коцките
мраз. Индикаторите над S (мали) и L
(големи) ја означуваат избраната опција.
Ако индикаторот над знакот ПОЛНО (ICE
FULL) свети, тогаш корпата за мраз е
полна до крај. Кога ќе се постигне
максималната количина мраз, апаратот
се враќа во „стенд бај“. За повторно да го пуштите,
извадете го мразот од корпата.
Ако индикаторот над знакот ДОДАЈ ВОДА
(ADD WATER) свети, тогаш во
резервоарот нема доволно вода. Кога во
резервоарот нема доволно вода, апаратот
се враќа во „стенд бај“. За повторно да го
пуштите, извадете ја корпата за мраз и додајте вода до
ознаката МАХ и притиснете го копчето ВКЛУЧИ.
Во зависност од температурата на
средината и на водата, првите коцки мраз
може да бидат помали.
Поради брзото замрзнување на водата,
коцките може да изгледаат замаглени или
непроѕирни. Ова е резултат на воздухот
заробен во мразот и не влијае врз
квалитетот на самиот мраз.
Откако ќе го исклучите апаратот и тој ќе
прејде во „стенд бај“, почекајте најмалку 3
минути пред повторно да го пуштите. Во
спротивно, може да дојде до дефект на
компресорот.
Менувајте ја водата во резервоарот најмалку еднаш на
секои 24 часа.
За да спречите појава на мувла и бактерии, ви
препорачуваме по употребата да го оставате капакот
отворен (7).
Чистење
Пред да почнете да го чистите апаратот, прекинете го
неговото работење и исклучете го од струја.
Не чистете го со сунѓер за садови со груба површина,
со каустични или корозивни средства или со агресивни
течности како алкохол, бензин или ацетон.
Чистете го апаратот со мека, влажна крпа. Не
потопувајте го во вода и не мијте го под млаз вода или
во машина за садови.
Корпа за мраз: чистете го апаратот со млака вода и со
течен детергент, а потоа исплакнете го и темелно
исушете го.
Резервоар за вода: водата од резервоарот празнете ја
низ одводот (11).
Надворешен и внатрешен дел на апаратот уќиште):
надворешниот и внатрешниот дел на апаратот чистете
ги со мека, влажна крпа. Може да користите раствор од
вода и оцет.
Проблеми и решенија
Проблем
Можна
причина
Решение
Индикаторот
над копчето
ВКЛУЧИ не
светнува.
Нема напон
во
приклучокот
за струја.
Апаратот не
е приклучен
во струја.
1. Проверете дали има
напон во
приклучокот за
струја.
2. Приклучете го
апаратот во струја.
3. Внатрешните
компоненти на
апаратот не работат.
Повикајте сервис на
Горење.
Индикаторот
над знакот
(ПОЛНО)
свети.
Корпата за
мраз е
полна.
1. Извадете го мразот
од корпата.
2. Внатрешните
компоненти на
апаратот не работат.
Повикајте сервис на
Горење.
Индикаторот
над знакот
ДОДАЈ ВОДА
свети.
Во
резервоарот
нема
доволно
вода.
1. Додајте вода до
знакот МАХ и
притиснете го
копчето ВКЛУЧИ.
2. Внатрешните
компоненти на
апаратот не работат.
Повикајте сервис на
Горење.
Сите
индикатори
светат.
Мразот го
блокира
резервоарот
со вода.
1. Ставете го апаратот
во „стенд бај“ и
извадете ги коцките
мраз што го
блокираат
резервоарот со
вода.
2. Внатрешните
компоненти на
апаратот не работат.
Повикајте сервис на
Горење.
И покрај тоа
што корпата
со мраз e
полна, не се
вклучува
индикаторот
за ПОЛНО и
апаратот не
се исклучува.
Сензорите
почнуваат
да работат
дури по три
завршени
циклуса.
Сигналот не
стигнува до
сензорот.
1. Исклучете го
апаратот од струја.
Испразнете ја
корпата за мраз и
повторно приклучете
го апаратот по 3
минути.
2. Силна светлина го
попречува приемот
на сигналот. Тргнете
го апаратот од
изворот на светлина.
3. Внатрешните
компоненти на
апаратот не работат.
Повикајте сервис на
Горење.

Bekijk gratis de handleiding van Gorenje IMDW1500B, stel vragen en lees de antwoorden op veelvoorkomende problemen, of gebruik onze assistent om sneller informatie in de handleiding te vinden of uitleg te krijgen over specifieke functies.

Productinformatie

MerkGorenje
ModelIMDW1500B
CategorieNiet gecategoriseerd
TaalNederlands
Grootte9538 MB