Bosch GHV 12+18V XA Professional handleiding

147 pagina's
PDF beschikbaar

Handleiding

Je bekijkt pagina 108 van 147
108 | Македонски
исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во
контакт со очите, побарајте лекарска помош.
Истечената течност од батеријата може да предизвика
кожни иритации или изгореници.
u Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
u Неупотребената батерија држете ја подалеку од
канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари,
клинци, завртки или други мали метални предмети,
што може да предизвикаат премостување на
контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата
може да предизвика изгореници или пожар.
u Користете ја батеријата само во производи од
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
u Батериите полнете ги со полначи што се
препорачани исклучиво од производителот.
Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на
батерии, се користи со други батерии, постои
опасност од пожар.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
u Заштитете ја облеката од топлина, на пр. од
долготрајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија.
u ВНИМАНИЕ! Користете ги исклучиво батериите
препорачани во „Технички податоци“. При
користење на други батерии постои опасност од
експлозија.
u Не ја ставајте батеријата во батерискиот адаптер,
доколку копчињата за отклучување се скршени или
дефектни. Батеријата би можела да испадне за време
на употребата.
u Внимавајте на напомените за отстранување на
батериите.
Опис на производот и
перформансите
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Наменета употреба
Облеката е наменета за одржување на топлината на ниски
температури во околината.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на облеката на графичката страница.
(1)
Прекинувач за вклучување/исклучување на
регулаторот на топлина
(2)
Батериски адаптер
(3)
Грејни елементи
(4)
Приклучок
(5)
Внатрешен џеб за батерискиот адаптер
(6)
Внатрешен џеб за големи документи
(7)
Батерија
a)
(8)
Копче за отворање на батеријата
(9)
Конектор за приклучокот
(10)
Држач за појас
(11)
USB-конектор
(12)
Копче за активирање на USB-приклучокот
a)
Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Јакна што се загрева GHJ 12+18V XA
Број на дел/артикл 1 600 A01 Z..
Големини S/M/L/XL/2XL/3XL
Напон V 12
Номинална јачина, макс. W 9,5
Елек што се загрева GHV 12+18V XA
Број на дел/артикл 1 600 A01 Z..
Големини S/M/L/XL/2XL/3XL
Напон V 12
Номинална јачина, макс. W 9,5
Дуксер со качулка што
се загрева
GHH 12+18V XA
Број на дел/артикл 1 600 A01 Z..
Големини S/M/L/XL/2XL/3XL
Напон V 12
Номинална јачина, макс. W 9,5
Батериски адаптер GAA 12V-21
Број на дел/артикл 1 600 A01 433
USB-приклучок USB 2.0
Излезен напон V 5,0
Излезна струја A 2,1
A)
A) Реалната излезна струја зависи од приклучениот USB-уред.
Батерија
дозволена околна
температура при
полнење
°C 0...+35
препорачана околна
температура при
полнење
A)
и при
складирање
°C –20...+50
1 609 92A 7SR | (12.05.2022) Bosch Power Tools

Bekijk gratis de handleiding van Bosch GHV 12+18V XA Professional, stel vragen en lees de antwoorden op veelvoorkomende problemen, of gebruik onze assistent om sneller informatie in de handleiding te vinden of uitleg te krijgen over specifieke functies.

Productinformatie

MerkBosch
ModelGHV 12+18V XA Professional
CategorieNiet gecategoriseerd
TaalNederlands
Grootte19679 MB