Bosch GGC 18V-12 Professional handleiding

267 pagina's
PDF beschikbaar

Handleiding

Je bekijkt pagina 180 van 267
180 | Македонски
u Електричниот алат, дополнителната опрема,
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до
опасни ситуации.
u Рачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за
држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во непредвидливи
ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
u Полнете ја батеријата само со полнач наведен од
производителот. Полнач којшто е соодветен за еден
тип сет на батерии може да предизвика опасност од
пожар ако се користи за друг сет на батерии.
u Електричните алати користете ги само со
специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да
предизвика опасност од повреда или пожар.
u Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го
подалеку од други метални предмети, како на пр.,
спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или
други помали метални предмети што може да
предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток
спој на батериските извори може да предизвика
изгореници или пожар.
u Под непредвидени околности, течноста може да
истече од батеријата; избегнувајте контакт. При
случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако
течноста влезе во очите, побарајте дополнителна
медицинска помош. Течност истечена од батеријата
може да предизвика иритација или изгореници.
u Не употребувајте сет на батерии или алат што е
оштетен или изменет. Оштетени или изменети
батерии може да реагираат непредвидливо и да
предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
повреда.
u Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на
оган или висока температура. Изложувањето на оган
или на температура повисока од 130°C може да
предизвика експлозија.
u Следете ги сите упатства за полнење и не го
полнете сетот на батерии или алатот надвор од
температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја
зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
u Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
u Никогаш не поправајте оштетени сетови на
батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја
врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени за секач на навојни
шипки
Носете заштитни очила. Вашите очи на тој
начин се заштитени од распарчени делчиња
од материјалот.
Држете ги рацете подалеку од вилиците за
сечење и подвижните делови. Прстите
може да се заглават во механизмот за
сечење и да се предизвикаат сериозни
повреди.
u Држете го лицето подалеку од механизмот за
сечење. Делови од напојната шипка може да се
исфрлат за време на сечењето и да предизвикаат
повреди.
u Не работете на материјали под напон и држете го
електричниот алат за изолираните површини за
држење. Контактот со материјали под напон може да
ги стави металните делови на уредот под напон и да
доведе до електричен удар.
u Носете ракавици кога работите со навојни шипки.
Рабовите и исечоците од делот за обработка се остри и
може сè уште да бидат жешки веднаш по обработката.
u Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
u За безбедно обработување долги или големи
навојни шипки, електричниот алат може да се
постави на хоризонтална површина користејќи ги
потпорните површини. Тој не смее да се прицврстува
на менгеме или на работна клупа.
u Не ставајте го електричниот алат на исечоците од
делот што се обработува. Електричниот алат може да
се оштети и да не функционира.
u Секогаш погрижете се да стоите безбедно, особено
кога работите во крената положба. Цврсто држете
ја навојната шипка за време и по сечењето за да не
падне. Исечена навојна шипка може да предизвика
сериозни лични повреди.
u Кога работите во подигната положба, соодветно
прицврстете го електричниот алат со опрема за
заштита од паѓање и погрижете се да нема лица под
работната површина. Носете заштита за глава кога
работите над глава. Ова спречува материјални штети
и лична повреда ако електричниот алат случајно
падне.
u При оштетување и непрописна употреба на
батеријата може да излезе пареа. Батеријата може
да се запали или да експлодира. Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
u Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои
опасност од краток спој.
u Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или одвртувач или со
1 609 92A A3L | (17.03.2025) Bosch Power Tools

Bekijk gratis de handleiding van Bosch GGC 18V-12 Professional, stel vragen en lees de antwoorden op veelvoorkomende problemen, of gebruik onze assistent om sneller informatie in de handleiding te vinden of uitleg te krijgen over specifieke functies.

Productinformatie

MerkBosch
ModelGGC 18V-12 Professional
CategorieNiet gecategoriseerd
TaalNederlands
Grootte38340 MB