Bosch Air 6000i handleiding

144 pagina's
PDF beschikbaar

Handleiding

Je bekijkt pagina 74 van 144
Чистење и одржување
Air 6000 – 6721876907 (2024/04)
74
Режим на тајмер
Во режимот на тајмер, може да се регулира тајмерот (помеѓу 1 и
12 часа) за исклучување.
5 Чистење и одржување
5.1 Чистење на куќиштето на прочистувачот на
воздухот
Редовно чистете ги внатрешноста и надворешноста на куќиштето на
прочистувачот на воздухот за да спречите да се насобере прашина.
Избришете ја површината со влажна крпа.
Користете мека, сува крпа за да ги исчистите внатрешноста и
надворешноста на прочистувачот на воздухот и излезот за
воздух.
5.2 Чистење на сензорот за квалитет на воздухот
Напомена:
Ако прочистувачот на воздухот се користи во правлива средина,
можеби треба да се чисти почесто.
Ако нивото на влажност во просторијата е многу висока, може да
се создаде кондензација на сензорот за квалитет на воздухот и
светлото за квалитет на воздухот може да укажува на послаб
квалитет на воздухот иако квалит
етот на воздухот е добар. Ако се
случи тоа, исчистете го сензорот за квалитет на воздухот.
Чистете го сензорот за квалитет на воздухот секој месец за да
функционира апаратот оптимално.
Исклучете го прочистувачот на воздухот и извлечете го од
штекер.
▶Повлечете го задниот капак и отстранете го од апаратот.
Исчистете го сен
зор
от за честички со влажно памучно стапче.
▶Исушете ги сите делови со суво памучно стапче.
Вратете го капакот.
[Слика 29 Чистење на сензорот за квалитет на воздухот]
5.3 Чистење на филтерот
ВНИМАНИЕ
Носете маска и ракавици кога ја чистите површината на филтерот и/
или кога го заменувате филтерот.
Исклучете го прочистувачот на воздухот и извлечете го од
штекер.
▶Повлечете го задниот капак и отстранете го од апаратот.
▶Извлечете го филтерот од апаратот.
Исчистете ја површината на филтерот со правосмукалка.
Вметнете го филтерот назад во апаратот.
Вратете го капакот.
Вметнете го утикачот на прочистувачот на во
здухот
во штекер.
▶Допрете го копчето за напојување за да го вклучите апаратот.
▶Допрете го копчето за проверка на статусот на филтерот/
ресетирање .
▶Измијте ги рацете по чистење на филтерот.
[Слика 26
Отстранување на задниот капак]
[Слика 30
Отстранување и чистење на филтерот]
5.4 Замена на филтерот
ВНИМАНИЕ
Носете маска и ракавици кога ја чистите површината на филтерот и/
или кога го заменувате филтерот.
Прочистувачот на воздухот е опремен со индикатор за замена на
филтерот за да бидете сигурни дека филтерот за прочистување
на воздухот е во оптимална состојба кога прочистувачот на воздухот
работи.
Заменете го филтерот што е можно поскоро.
HAПOMEHA
Филтерот не може да се пере или користи повеќепати.
ВНИМАНИЕ
Секогаш исклучувајте го прочистувачот на воздухот и исклучувајте
го од штекер пред заменувањето на филтерот.
▶Исклучете го прочистувачот на воздухот и извлечете го од
штекер.
▶Повлечете го задниот капак и отстранете го од апаратот.
▶Извлечете го филтерот од апаратот.
Отстранете ја пластичнната обвивка на новиот филтер
[ Слика 27].
Вметнете го новиот филтер во апаратот.
Вратете го капакот.
Вметнете го ут
икачот
на прочистувачот на воздухот во штекер.
▶Допрете го копчето за напојување за да го вклучите апаратот.
▶Допрете го и држете го копчето за проверка на статусот на
филтерот/ресетирање 3 секунди за да го ресетирате бројачот
за замена на филтерот.
▶Измијте ги рацете по замена на филтерот.
Напомена:
Не мирисајте го фил
терот бидејќи
содржи загадувачи акумулирани
од воздухот.
5.5 Ресетирање на филтерот
Кога работниот век на филтерот ќе достигне 0 %, на екранот се
прикажува пораката „Filter status 0%“ (Статус на филтер 0 %) како
потсетник за корисникот да го замени филтерот. Пораката
исчезнува кога ќе се притисне копчето за филтер и ќе се
прикаже повторно следниот пат кога ќе се вклучи апаратот.
[Слика 31 Порака што укажува дека филтерот треба да се
замени]
Филтерот
може да се замени пред да се прикаже бројачот за
работниот век како предупредување. Бројачот на филтерот треба да
се ресетира рачно по замената:
▶Допрете го копчето за напојување за да го исклучите апаратот
и исклучете го од штекер.
Вметнете го утикачот во штекер.
▶Долго држете го к
опчето
за филтер за да го ресетирате
бројачот на филтерот. Интерфејсот се менува помеѓу трите
пораки и потоа се враќа на оригиналниот екран.
[Слика 32 Ресетирање на пораките за филтер]
За да го проверите статусот на филтерот, притиснете го копчето за
филтер . Ќе се прикаже преостанатиот работен век на филтерот и
потоа ќе се врати на претходниот екран.

Bekijk gratis de handleiding van Bosch Air 6000i, stel vragen en lees de antwoorden op veelvoorkomende problemen, of gebruik onze assistent om sneller informatie in de handleiding te vinden of uitleg te krijgen over specifieke functies.

Productinformatie

MerkBosch
ModelAir 6000i
CategorieLuchtreiniger
TaalNederlands
Grootte22386 MB