BEKO BHCA96641BBHPS handleiding

76 pagina's
PDF beschikbaar

Handleiding

Je bekijkt pagina 26 van 76
26
Монтирајте го апаратот за да можете
лесно да го приклучите со напојување
(приклучок, штекер) по монтажата.
Доколку производот е произведен со
приклучок, не сечете го приклучокот
за да се поврзете со струја за време
на монтирањето. Во спротивно,
гаранцијата се поништува и може
да се случат безбедносни ризици за
корисниците.
Димензии и детали за
монтирањето (Слика 3-4))
Димензиите во кои може да се
вгради производот со двоен оџак се
прикажани на слика 3б.
Доколку го монтирате со двоен оџак,
мерката од потребното растојание над
плотната до Вашиот мебел треба да
биде во опсег од 910-1138 mm. (Слика
4б)
Доколку го монтирате со еден оџак,
мерката од потребното растојание
над плотната до Вашиот мебел треба
да биде 748 mm. (Слика 3а-4а) За
монтирање со еден оџак, користете
го горниот оџак кој има отвор за
вентилација.
Составување на деловите за
прицврстување на производот
(Слика 5-6-7)
Производот е опишан преку земање
примероци од составување на капаците
на двоен оџак.
Центрирајте ја плотната и нацртајте
вертикална линија на оската на ѕидот.
Нацртајте хоризонтална референтна
линија со димензии 650 mm од врвот
на плотната. (Слика 5)
Центрирајте го шаблонот даден со
производот на референтната точка
што ја нацртавте, залепете го на ѕидот
и означете ги дупките во шаблонот со
молив. (Слика 6)
Обележете ги дупките за деловите
за прицврстување на оџакот според
димензиите дадени на сликата 6 од
врвот на Вашиот мебел или таван.
Прицврстете го делот за
прицврстување на аспираторот и
деловите за прицврстување на оџакот
на ѕидот како што е прикажано на
слика 7.
Закачување, порамнување и
прицврстување на аспираторот
(Слика 8-9-10-11)
Закачете го аспираторот на делот за
прицврстување на аспираторот што го
прицврстивте на ѕидот. (Слика 8)
Порамнете ја плотната во централна
положба со лизгање на аспираторот
лево и десно на деловите за
прицврстување. (Слика 9)
Отворете го стаклениот капак
на аспираторот и извадете го
алуминиумскиот филтер како што е
прикажано на слика 10.
Прицврстете го аспираторот на делот
за прицврстување на аспираторот
како што е прикажано на слика 11 со
отворен стаклен капак.
Затворете го стаклениот капак
на аспираторот со ставање на
алуминиумскиот филтер на неговото
место.
Монтирање на излезната цевка на
оџакот (Слика 12)
Како што е прикажано на слика 12,
поставете го капакот, што спречува
обратен проток на воздух, до излезот
од оџакот.
Доколку дијаметарот на цевката-
приклучок на оџакот е 150 mm,
поставете ја излезната цевка на оџакот
на капакот.
Доколку дијаметарот на цевката-
приклучок на оџакот е 120 mm;
Поставете ја излезната цевка на оџакот
откако ќе го поставите адаптерот за
поврзување на капакот..
Правилно изолирајте ги точките на
поврзување.
Прицврстување на капаците на
оџакот (Слика 13-14)
Доколку дијаметарот на цевката-
приклучок на оџакот е 120 mm;
Залепете ја испорачаната лента околу
спојот на адаптерот за поврзување и
отворот за излез на воздух. (Слика 13)
Прицврстете го горниот капак на оџакот
на горниот дел за прицврстување на
оџакот со 2 завртки од страните на
облините. (Слика 13)
Прицврстете го долниот капак
на оџакот на долниот дел за
прицврстување на оџакот со 2 завртки
на облините од страните. (Слика 14)

Bekijk gratis de handleiding van BEKO BHCA96641BBHPS, stel vragen en lees de antwoorden op veelvoorkomende problemen, of gebruik onze assistent om sneller informatie in de handleiding te vinden of uitleg te krijgen over specifieke functies.

Productinformatie

MerkBEKO
ModelBHCA96641BBHPS
CategorieAfzuigkap
TaalNederlands
Grootte8762 MB