Handleiding
Je bekijkt pagina 116 van 340

116 / 340 МК
Клима уред од поделен тип/Упатство за користење
Ако единицата ја монтирате на ѕиден држач,
направете го следново:
A
Предупредување!
Проверете дали ѕидот е
направен од полна цигла,
бетон или материјал со слична
јачина. Ѕидот мора да може да
поддржува најмалку четири
пати поголема тежина од
тежината на единицата.
1. Означете ја положбата на дупките за
држачот врз основа на графиконот за
димензии.
2. Претходно направете дупки за анкер-
завртките.
3. Поставете шајбна и навртка на крајот од
секоја анкер-завртка.
4. Завртете ги анкер-завртките низ дупките
во монтажните држачи, ставете ги
монтажните држачи на своето место и
заковајте ги анкер-завртките во ѕидот.
5. Проверете дали монтажните држачи се
рамни.
6. Внимателно подигнете ја единицата и
поставете ги монтажните ногалки на
држачите.
7. Цврсто зашрафете ја единицата на
држачите.
8. Доколку е дозволено, монтирајте ја
единицата со гумени дихтунзи за да ги
намалите вибрациите и бучавата.
Чекор 4: Поврзете го сигналниот кабел и
каблите за напојување
Клемите на надворешната единица се
заштитени со капакот на кутијата со жици
што е сместена отстрана на единицата.
Сеопфатен дијаграм за поврзување е
отпечатен на внатрешната страна од капакот
на кутијата со жици.
A
Предупредување!
Пред вршењето на каква
било електрична работа
или поврзување на жиците,
исклучете го главното
напојување на системот.
1. Подгответе го кабелот за поврзување:
Користете го вистинскиот кабел
Изберете го вистинскиот кабел, погледнете во
„Типови на кабли“ на страница 99.
Изберете ја вистинската големина на
кабелот
Големината на кабелот за напојување,
сигналниот кабел, осигурувачот и
потребниот прекинувач се одредуваат
според максималната струја на единицата.
Максималната струја е означена на плочката
со име поставена на страничната табла на
единицата.
C
Забелешка: Во Северна
Америка, изберете ја
вистинската големина на
кабелот според минималната
ампеража на колото означена
на плочката со информации на
единицата.
9 Монтажа на надворешната единица
Bekijk gratis de handleiding van BEKO BEVPG 180/ BEVPG 181, stel vragen en lees de antwoorden op veelvoorkomende problemen, of gebruik onze assistent om sneller informatie in de handleiding te vinden of uitleg te krijgen over specifieke functies.
Productinformatie
| Merk | BEKO |
| Model | BEVPG 180/ BEVPG 181 |
| Categorie | Airco |
| Taal | Nederlands |
| Grootte | 36331 MB |







